Турција: Смртоносен прогон против полицајците кои го открија најголемиот корупциски скандал во историјата на земјата

На 17 и  25 Декември 2013 година турската полиција ја спроведе најголемата акција против корупција во историјата земјата. Во полициската акција беа уапсени иранскиот бизнисмен Реза Зараб, синови на министри, директори на јавни претпријатија и голем број државни службеници вмешани во корупискиот скандал, кој според голем број факти допираше до врвот на турската влада, па дури и до самиот Ердоган.

Веднаш по операцијата, владата на Ердоган ги уапси сите полицајци кои учествуваа во разоткривањето на најголемиот корупциски скандал.

Омер Ќосе, тогашен началник на одделот за борба против тероризам, е еден од полицајците кои невино се наоѓаат во затвор повеќе од пет години. Според последните информации, тој повеќе од една година е во самица и далеку од сите минимални услови. Адвокатот на Ќосе, во изјава за медиумите рече дека затворските власти не му дозволуваат ниту кревет во самицата, а пред некое време му одземаа едно од двете ќебина. Мајка му во неколку наврати се обратила до затворските власти, барајќи дозвола самата да му купи кревет на својот син. Според семејството, Ќосе е во многу лоша здравствена состојба.

Малтретирањата и изживувањата против Ќосе не престсануваат тука. Турската влада започна буквален линч и против неговото семејство. Најпрвин го усапсија дваесет годишниот син, а веднаш потоа и неговата сестра, по што и двајцата ги осудија на 5 години затвор за наводно учество во терористичка организација.

Прогонот не е ограничен само со Ќосе. Уапсени се сите полицајци и началници кои учествуваа во антикорупциската операција. Освен тоа, уапсени се и нивните семејства и најблиски.

Инаку пред една година, поради лошиот однос на затворските власти во самица почина Зеки Гувен, поранешен колега на Ќосе. Властите тогаш изјавија дека починал од срцев удар, но според судските вештачења, врз телото на Гувен има сериозни знаци на малтретирање.

Please publish modules in offcanvas position.