Новиот градоначалник на Истанбул го „изложи“ расипничкото трошење на партијата на Ердоган: Илјадници автомобили запленети и изложени на плоштад

Новиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, ги извади вон употреба сите непотребни автомобили, купени или изнајмени од неговоиот претходник, член на партијата на Ердоган АКП.

Екрем Имамоглу, во предизборната кампања вети дека ќе се бори против расипничкиот однос на постоечката влада, а меѓу ветувањата се најдоа и автомобилите.

Имамоглу така и постапи и го оствари ветеното. На плоштадот Јеникаппи ги собра сите автомобили кои биле непотребно изнајмени за време на владеењето на АКП, партијата на Ердоган.

whatsapp image 2019 09 05 at 17.34.54 16 9 1567757576 880x495 495c3

НА ПЛОШТАДОТ ПОСТОЈАНО ПРИСТИГААТ АВТОМОБИЛИ

Моментално на плоштадот се изложени 350 автомобили. Минатиот месец се дозна дека општината на Истанбул раскинала договори за изнајмување на 450 возила од непотребната флота на возилото. Се очекува изложбата да се комплетира до недела. Иако од општината не дојде никаква изјава Џенан Кафтанџи претседател на провинција од ЏХП на социјалните мрежи изјави „Ова е само мал почеток“.

Гоксу член на АКП изјави „ Тие автомобили беа изнајмени за услуга и за корист на Истанбул, со одземање на тие автомобили ја прекинаа услугата во Истанбул“.

Со наредба на Имамоглу, на плоштадот Јеникапи започна изложбата на непотребно изнајмените автомобили. Дојде првата изјава од АКП во врска со излеожените автомобили на плоштадот Јеникапи.

Водачот на пратеничката група на АКП Тефик Гоксу, изјава рече дека тие автомобили се изнајмени во корист на општината. Гоксу додаде „ Тие автомобили се изнајмени во корист на општината. Што ќе биде понатаму со тие автомобили и нас не интересира.  Ќе следиме да видиме дали откако овие автомобили ќе бидат вратени ќе се земат други. Додека надлежните ги озложуваат тие „непотребни“ автомобили и си го праат своето шоу од друга страна разгледуваат нови автомобили“.

На изложбата почнаа да стигаат и луксузни автомобили

tenikapi 4962 9ed16

yen 379 70b6f

Моментално на плоштадот се изложени 350 автомобили. Минатиот месец се дозна дека договорот е раскинат на 450 возила од непотребната флота на возилото. Се очекува изложбата да се комплетира до недела. Почнаа да пристигаат и луксузни автомобили. Иако сеуште нема официјална изјава од општината многу политичари и пратеници дадоа изјава на социјалните мрежи.

Само во 2019 година се изнајмени 2 илијади и 432 автомобили од Платформ Туризм.

Според веста на Тарафсиз Ажанс, во 2018 година биле пријавени во јавност 1717 автомобили. Повеќето од изнајмените автомобили ги користат овластените. Причина за бунт беше тоа што на 643 администратори следуваа 1717 автомобили. Тогашниот градоначалник тврдејќи дека тие автомобили с еизнајмени во корист на општината, изјави  „Не е точно дека на 643 администратори им следат 1717 автомобили, само 120 автомобили им се дадени на администраторите. Во оваа цифра се вклучени иавтомобилите кои се користат за гостите од странство.“ Но според извештаите за 2018 користени се 1717 изнајмени и 93 купени автомобили што значи дека 1810 автомобили се користени.

yenikapi 7710 115b4

Please publish modules in offcanvas position.