Турција: Неправедно уапсена девојка болна од епилепсија „Немам ниту дисциплинска казна добиено во мојот живот досега“

26 годишната Хатиџе Ерол, која долги години боледува од епилепсија, веќе една година е неправедно уапсена во турскиот град Конја. Таа упати писмо до Омер Фарук Гергерлиоглу, пратеник од опозициската ХДП.

Хатиџе е обвинета за наводно учество во терористичка организација и е една од илјадниците неправедно уапсени, како дел од тортурата на турската влада против припадниците на движењето Ѓулен. Турската влада, на чело со Ердоган веќе неколку години, особено по обидот за државен удар во 2016 година, врши невидена тортура врз следбениците на движењето Ѓулен, кое го обвинува за организирање на пучот.

- Не само што немам никаква врска со тероризам, јас никогаш во мојот живот немам добиено ниту дисциплинска казна. Секогаш бев меѓу пофалуваните ученици. За жал сега мојата сакана земја врши невиден прогон против мене. Не само што ми се суди за дело кое никогаш го немам сторено, јас сум буквално осудена поради истото,  се наведува во писмото.

Хатиџе во писмото до Гергерлиоглу потенцира дека има чести напади на епилепсија и дека затврските власти не ги забележуваат, поради што се спречува судот да донесе ослободувачка одлука.

Хатиџе Ерол наведува дека уште од шест месечна возраст боледува од епилепсија и дека била уапсена токму во периодот кога болестта била сведена на минимум. Потенцира дека се повеќе зачестиле нападите на епилепсија, поради што има голем ризик од целосна парализа.

-  Ова писмо ви го испраќам во целосна немоќност. Чека поддршка од ваша страна, како некој кој ги исцрпил сите патишта. – се заклучува во писмото на Хатиџе.

Инаку според турските закони, тешко болните лица не можат да бидат апсени во никако случај.

Please publish modules in offcanvas position.