Еден од најпознатите турски писатели Ахмет Алтан веќе 3 години е во затвор

Ахмет Алтан, еден од најпознатите турски писатели на денешницат, веќе три години се наоѓа во затвор. Тој е уапсен на 10 септември 2016 година, под обвинение за „испраќање на сублиминална порака во врска со воен удар“.

Алтан објави книга во врска со периодот на апсење насловена како „Веќе никогаш нема да го видам светот“. Книгата доби голем интерес од страна на реномираните светски медиуми како The Guardian, Le Monde, El Mundo, Corriere della Sera.

Сега за сега книгата е објавена само на англиски, а само еден дел под наслов „Една реченица“ е објавен преку социјалните мрежи, на турски јазик под платформата П24.

Во текстот на турски јазик Алтан го опипува периодот на апсење и трите години неправедно поминати во затвор.

- Се разбудив. Слушнав дека ѕвони ѕвончето. Веднаш погледнав во дигиталниот часовник кој покажуваше точно 05:42. Си помислив „полиција“. Како сите опозициски настроени луѓе во земјата, така и јас секоја вечер легнував очекувајќи дека наутро ќе бидам уапсе.  – се првите зборови од тектсот на Алтан, каде што ги опишува првите мигови од дентта кога бил уапсен.

На почетокот од текстот прави споредба со првите мигови од апсењето на неговиот татко, кое се случи точно пред 45 години.

- Да не ја видов таа насмевка на лицето на татко ми додека го апсеа , да не ми раскажуваше за убивањето на картагинскиот преставник, да не знаев за смртта на Сенеџа, која се самоуби по наредба на Нерон, да не ги прочитав зборовите на Сент јуст 'условите се тешки само за тие кои се борат за да не умрат', да не знаев дека најдобрата книга Боетис ја напишач во ќелија, тогаш можеби ќе бев тажен. – пишува Алтан во својот текст.

Алтан ги пренесува и чувствата и надежта во првите мигови од апсењето и чувствата при влегување во ќелијата. Тој зборува и за неговата невиност и неправедното апсење, желбата на турската влада да ги покори сите опозициски настроени луѓе.

- Моето апсење не беше моја реалност, туку ова е реалност на тие кои ме приведоа. Јас ја сменив оваа реалност. Јас бев офицерот кој јадеше цреши додека му вперуваат пушти, јас бев Боргес кој на прашањето „живот или пари“ одговори живот, јас бев Цезар кој изгради ѕидови во Алесиа. – се завршните зборови на Алтан.

Алтан е еден од стотина приведени новинари и писатели во Турција.

Please publish modules in offcanvas position.