Турција: Затвореничка ја опиша трагичната загуба на своите близнаци во затвор

Нурхајат Јилдиз, турчинка која пред неколку месеци во затворска ќелија ги загуби своите близнаци, испрати писмо преку својот адвокат, каде што ја опишува трагичната загуба на сеуште неродените близнаци.

Таа е уапсена на 29 август 2018 година, во трудничка состојба е однесена во затворската ќелија.

- Првите денови бев во длабока депресија. Спиев до 15 понекогаш и до 18 часот. Во ќелија предвидена за 10 души, ние спиевме 22. Иако бев трудна, ме ставија да спијам на земја, веднаш до тоалетот. – вели меѓудругото Јилдиз во своето писмо кое го испрати преку својот адвокат.

Таа е приведена на пат кон градот Самсун, каде што одела на преглед во една од приватните болници. Набрзо била пренесена во градот Синоп, каде што ја задржале во притвор. После неколку дена била изведена пред судија.

- Судијата ми кажа дека сум обвинета за користење на апликацијата „Bylock“. Јас се противев на тоа и му реков дека никогаш не сум ја користела оваа апликација. Судијата не сакаше ниту да ме ислуша. За десет минути ја донесе одлуката и ме испратија повторно во затвор. – пишува Јилдиз, која вели дека во затворот дознала дека е трудна на близнаци.

- Тоа беше прекрасно чувство. Бев многу среќна што ќе добијам близнаци. – додава Јилдиз.

Според Јилдиз, таа неколку пати само го почувствувала движењето на бебињата и дека по неколку дена анормалии, побарала да ја однесат во болница.

- Ме ставија на ултразвук. Докторот ме праша кога последен пат ги почувствував. Му реков дека веќе неколку дена не чувствувам никакво движење. Тука ми ја пренесе таа тажна вест дека моите близнаци умреле. Се шокирав. Не можев ниту да заплачам.

Јилдиз во своето писмо вели дека многу тешко ја педнела оваа ситуација. Според неа, таа неколку пати побарала условно ослободување, но обвинителот го одбил нејзиното барање.

- Докторите ми рекоа дека нема да ме оперираат, туку дека ќе треба да чекаме абортус. Ме легнаа примија во болница. Тука дозволија заедно со мене да престојува и мајка ми. Брат ми со денови чекаше во болничките ходници, иако знаеше дека нема да му дозволат да ме види.

Јилдиз тврди дека безброј пати испратила писмо до обвинителот, каде што ја пренела тешката ситуација, но дека обвинителот не реагирал на нејзините писма. Неколку дена по абортусот, обвинителот ја повикал на распит.

- Бев осудена без обвинителот да ме ислуша. Тој ме повика на разговор дури по абортусот. Ми рече дека ќе ме ослободи доколку дадам некое име на член на движењето Ѓулен. Му раскажав се што знам, но тој не сакаше ниту да слушне. Ми рече дека нема да ме ослободи се додека не дадам имиња. Повторно ме вратија во затвор.- се вели во писмото на Јилдиз.

Според Јилдиз, таа 6 месеци била во депресија. На 28.06.2017 година ја повикале на психијатар, кој и препорачал лекови. Според Јилдиз, дури и психијатарот се зачудил како можела да го издржи сето тоа.

 - Една од моите цимерки во затворот беше ослободена откако призна дека ја симала таа апликација, но дека никогаш не ја користела. Од каде знае судијата дали ја користела или не. Тоа што за мене е вина, за сите треба да биде. Слушам како голем дел од трудниците се ослободуваат, но мене не ме ослободуваат. Од проголем стрес и неправеден однос ги загубив моите близнаци. Сега ја чекам задоцнетата правда. – пишува Нурхајат Јилдиз во своето писмо.

Јилдиз е само една од илјадниците жени врз кои владата на Турција, на чело со Ердгоган, врши невидена тортура. Причините поради кои се апсат овие жени се апсурдни. Некои се уапсени поради користење на апликацијата „Bylock“ која турската влада ја смета како срество со кое комуницирале следбениците на движењето Ѓулен. Голем дел од жените се приведени поради користење на сметки во банката БанкАсја, која беше во сопственот на движењето Ѓулен, а најголемиот дел се уапсени поради помагање на студенти.

Тортурата на турската влада кон следбениците на движењето Ѓулен започна веднаш по најголемиот корупциски скандал во историјата на земјата, кога во 2013 годинагрупа полицајци уапси високи преставници на ердогановата партија. Тогаш Ердоган обвини за обид за негово симнување од власт, а тортурата против следбениците на Ѓулен се вжешти по обидот за државен удар во 2016 година, по што беа приведени стотина илјади слебеници на Ѓулен, меѓу кои и 40 илјади жени и околу илјада мали бебиња.

Please publish modules in offcanvas position.