Германски „Ди велт“: Владата на Ердоган киднапира 31 лице во странство

Турската влада на чело со Ердоган досега киднапира 31 лице во странство, пренесува германскиот весник „Ди велт“. Во вестта насловена како „Владата на Ердоган наводно киднапирала 31 лице во странство“ се пренесува дека во последните неколку години во турските затвори се случија 23 сомнителни случаи на смрт.

Според „Ди велт“ киднапирањата се случија во периодот по обидот за воен удар во 2016 година, а најчеста мета на киднапирањата се членовите на движењето Ѓулен, кое турската влада го товари за одрганизирање на пучот. Весникот се повикува на Универзален периодичен преглед (УПР) при ОН.

Во 2020 година турската влада ќе биде под надзор на УПР при ОН. Инаку според извештаите на УПР, оваа институција досега прими писма од голем број турски граѓани, кои присилно ја напуштија земјата.   

25 СОМНИТЕЛНИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО ЗАТВОРИТЕ

Весникот меѓу другото пренесува дека во последниот период забележани се вкупно 23 сомнителни смртни случаи. Извештај на Хјуман рајтс воч посочува на сериозно наштетувања на човековите права и голем број на случаи на насилство во затворите на Турција. Освен тоа, турските власти немаат започнато никаква истрага во врска со сомнителните смртни случаи.

- Невладината организација СЕРА во својот извештај наведува дека долгите раце на Ердоган се активни на сите страни во Европа. Во 2016 година, турските разузнавачки служби, во соработка со некои локални бизнисмени, се обидоа да киднапираат еден турски граѓанин, кој долги години живее и работи во Турција. – пишува „Ди велт“.

ОД ГЕРМАНИЈА ПОБАРАНА Е ЕКСТРАДИЦИЈА НА 30 ЛИЦА

„Ди велт“ исто така пренесе дека Ердоган досега има киднапирано припадници на Ѓулен од Косово, Малезија, Пакистан, Казакистан и Габон. Освен тоа, Турција до сега побарала екстрадиција на дури 30 лица од Германија.

Според „Ди велт“, Хјуман рајтс воч известува дека турската влада ги апси сите свои противници и ги прогласува за терористи, а особено врши тортура против следбениците на Ѓулен и курдите.

Please publish modules in offcanvas position.