ДРАМА НА ТУРСКИ МИГРАНТИ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Животот го загубија 5 деца и 2 жени

7 турски мигранти, меѓу кои 5 деца и 2 жени ги загубија своите животи, откако претходо потона чамецот во кој се наоѓале уште други 12 мигранти. Чамецот потона во водите на Егејското Море, блиску грчкиот остров Хиос.

Крејбрежните сили на Гурција усеаа да спасат вкупно 12 лица, меѓу кои се наоѓаат и 4 деца и 3 жени. Меѓу загинатите се наоѓа и едно новороденче.

Според првичните информации, мигрантите се турски граѓани кои решиле да ја напуштат земјата во обид да се спасат од прогонот на владата на Ердоган.

Во бродот вкупно се наоѓале 19 лица, а грчките крајбрежни сили успеале да спасат 12 од нив. Сеуште е непознато дали спасените побарале азил од грчките власти.

Please publish modules in offcanvas position.