Грчки медиуми: „Ангелчиња потонаа во Егејското Море во обид да побегнат од Ердоган“

Грчките медиуми објавија дека 7 лица, од кои 1 бебенце 4 деца и 2 жени ги загубија своите животи во Егејското Море откако потона бродот со кој беа пренесувани мигранти од Турција. Телевизиските канали и интернет страниците оваа вест ја објавуваа како најактуелна во текот на целиот ден.

ПОЧНА ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО НА ЛИЦАТА

Според турскиот веб портал kronos.com познати се имињата на неколкуте лица кои успраа да се спасат, меѓу кои се наоѓаат Бедирхан Зенбил, Јусуф Дениз, Фатма Ишик и Назир Ишик. Не се објавува идентитетот на децата кои сеуште се под лекарски надзор.

Според порталот, Јусуф Дениз е поранешен професор на универзитетот Селчук, кој беше отпуштен по владин декрет потпишан од Ердоган. Сеуште не може да се најде неговата сопруга Арифе Јусуф, како и 6 годишниот син и 3 годишната ќеркичка.

Грчкиот канал АНТЕНА 1 во вечерните вести објави дека 7 турски граѓани ги загубија своите животи во водите на Егејското Море.

- 5 ангелчиња и две жени, вкупно седум лица денес ги загубија своите животи во Егејското Море. Тие се обидуваа да преминат на грчкото тло во потрага по подобар живот заедно со уште други 12 лица. Бродот со кој патуваа потона во близина на острвот Инусес. Некои од нив успеаа да се спасат, но останатите се удавија во водите на Егејското Море. – се вели во вестта на АНТЕНА 1/

АНТЕНА 1 додава дека 12 турски граѓани, кои успеаа живи да се извлечат од несреќата, побарале азил од грчките власти. Според информациите, во бродот се наоѓале вкупно 4 семејства.

kronos.com пренесува дека лицата кои се најдоа на потонатиот брод се членови на движењето Ѓулен, против кое турската влада врши невидена тортура.

Грчките медиуми јавуваат дека несреќата настанала околу 11 часот. Во моментот 3 брода и еден чамец на грчките крајбрежни сили, два други брода во сопственост на Романија кои ја штитат границата на ЕУ во рамките на FRONTEX еден хеликоптер на грчките воздухопловни сили и еден авион на FRONTEX беше спроведена операција за пронаоѓање на лицата кои успеаа да се спасат од несреќата. Според грчките официјални власти, спасувачките единици успеале да спасат вкупно 5 мажи, 3 жени 3 деца помали од 6 години и едно 12 годишно дете. Во бродор имало вкупно 19 лица.

Од друга страна, единиците на FRONTEX ги извлекоа телата на загинатите 5 деца и две жени, кои беа итно однесени во најблиската болница каде е константирана нивната смрт.

МИТРОПОЛИТОТ НА ХИОС ОБЈАВИ ПОРАКА СО СОЧУСТВО

Митрополитот на острвот Хиос објави порака со сочувство, каде што го наведува своето жалење за загубените животи на малите деца и жени. Тој посака душите на загинатите да влезат во рај и го повика светот да не дозволи повеќе вакава несреќа да однесе човечки животи.

ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА НА ГРЧКИТЕ ОСТРВА ПРИСТИГНАА 648 МИГРАНТИ

Грчката новинска агенција објави дека во последните 24 часа на грчките острва пристигнале вкупно 289 мигранти, од кои 111 пристигнале на островот Лезбос, 33 на Хиос и 145 на Самос. Крајбрежните сили тврдат дека оваа бројка е многу поголема. Дека во последните 24 часа на грчките острова преминале вкупно 648 мигранти.

Please publish modules in offcanvas position.