Турција: „Повеќе немам причина за трпение“

Лутфи Далга, кој ја загуби сопругата во сообраќајна незгода, е во многу лоша психолошка состојба. Далга, кој беше пренесен на погребот на својата сопруга со лисици на рака, при пристигнување на погработ рекол дека „Веќе немам причина за трпение“.

Хиџран Умуч Далга почина во сообраќајна несреќа на пат кон затворот во градот Ризе, каде што се наоѓа нејзиниот сопруг. Нејзиното тело беше погребано во петокот по пладневната молитва.

СЕ ОНЕСВЕСТИ ОТКАКО ГО ВИДЕ КОВЧЕГОТ

Лутфи Далга кога слушна за несреќата на својата сопруга доживеал нервен слом. Како резултат на неговата реакција тој бил ставен во ќелија. Далга, кој на фотографиите се гледа дека е многу слаб. и во многу лоша состојба, се онесвестил кога го видел погребот на својата сопруга.

Според изјавата која ја дал еден роднина на Далга, тврди дека Далга рекол дека повеќе нема причина за трпение. Најблиските роднини се плашат за неговиот живот.

ЗНАМ, МАЈКА МИ УМРЕ

Ќерката на семејството Далга, Сибел Евра Далга (3) се извлече жива и е повредена во ногата. И покрај обидите на роднините да ја утешат, Сибел е свесна за целата ситуација. Во разговор за роднините, Сибел рекла „Знам, мајка ми умре. Јас се симнав од колата, насекаде беше темно, а од устата на мајка ми течеше крв“.

На социјалните мрежи започна кампања со која се бара да биде ослободен таткото на Сибел.

Лутфу Далга е поранешен полицаец, кој е уапсен по случувањата во

Please publish modules in offcanvas position.