Турција: Вечерта по земјотрес од 5,8 на затворениците од затворот Силиври не им беше дозволено да излезат надвор

Затворениците во затворот Силиври, вечерта по земјотресот со сила од 5.8 доживеа кошмар. Додека цел Истанбул спиеше надвор, на затворениците во Силиври не им беше дозволено да одат ни до двор, јавува порталот Болд Медја.

Турскиот новинар Чакирозер преку својот Твитер профил напиша што доживеаа 22-те илијади и 700 затвореници и 500 вработени во затворот во Силиври каде што беше епицентар на земјотресот. Ерен Ердем, поранешен пратеник од опозициската ЏХП,  му пренесе дека ниту Министерот за Правда ниту управата на затворот немаат никакви превземени мерки за земјотрес.

Вратите може да се отворат само со дозвола од министер

Ахмет Алтан, еден од најпознатите турски писатели на денешницата, кој повеќе од две години е во затвор, како што пренесува Чакирозер кажал дека за време на земјотресот затворениците биле во двор и доволно силно го почувствувале истиот. Алтан, од управата на затворот побарал да се остават отворни вратите кои водат кон дворот. Но управата му одговори „Таа врата може да се отвори само со дозвола од министер“.

Чакирозер изјави „Вечерта додека цел Истанбул поради стравот создаден од земјотрес спиеше надвор, затворениците беа затворени и вратите не биле отворени со причина министер“.

Please publish modules in offcanvas position.