Ахмет Алтан до поротниците во судницата: Немојте да им судите на идеите, тоа е невозможно

Еден од најпознатите турски писатели на денешницата Ахмет Алтан, во текот на својот говор пред поротниците во судницата ја одржа својата одбрана во судскиот процес кој се води против него за наводно поддржување на тероризам. Алтан, кој повеќе од 3 години е во затвор, рече дека нему му се суди поради своите спротивставени ставови против власта на Ердоган и ги повика судиите и поротниците да не ги судат идеите, бидејќи тоа не е возможно.

Алтан, кој е еден од 150-те уапсени новинари во Турција, во својата одбрана го кажа следното:

„ Од почетокот на овој случај се обидувате да реализирате невозможни, судејќи идеи. Невозможно е да се постигне ова. Бидејќи бесконечноста на идеите не спаѓа во границите на судството. Кога се обидувате да процените идеи и да претпоставите дека не постои длабока разлика помеѓу дејството и идејата, идеите ги правите ограничени, а пресудата неограничена.

ЌЕ ПРОПАДНЕ ПРАВОСУДСТВОТО И ДРЖАВАТА

Кога ги исцртувате границите на идеите и ги бришете границите на судството и го преобратете она што се претпоставува да се случи, нема шанси да постигнете правда. И, како што тоа денес во Турција се случува, ќе пропаднат правната држава и правосудството. Со законот се утврдени границите на судството. Кога судството сака да ги надмине овие граници и да казни идеи, тоа се судира со законот. Се соочуваме со незаконска пресуда.

СУДИРОТ НА СУДСТВОТО СО ПРАВДАТА ПРЕДИЗВИКУВА БУКВАЛНО САМОУБИСТВО

Конфликтот помеѓу судството и законот што е причина за постоење значи дека се самоубива со сечење на сопствените вени. Веќе три години, гледам како правосудството се самоубива. Ова е патетичен поглед. Во мојата одбрана постојано се обидувама да го спречам ова крваво самоубиство на судството и да го спасиме овој патетичен крај со потсетување на законот.

ВЕ ПРИПОРАЧУВАМ ДА ГО ПОЧИТУВАТЕ ЗАКОНОТ

Доколку оваа судница внимателно ги слушаше моите одбрани, немаше да сеи дозволи катастрофална грешка, како што е непочитување на одлуките на уставниот суд. Гледам дека ја поправивте грешката која ја направивте пред 1,5 година, ослободувајќи го пратеникот Сири Суреја Ондер. Ова е позитивен развој. Ова е тоа што треба да го направи овој суд. Мислам дека сте свесни за последиците на грешките на судот кои влијаат врз целото општество. И денес Ви препорачувам да го почитувате законот. Вие си знаете дали ќе ги послушате моите препораки. Се надевам дека сте свесвни за последиците од непочитувањето на законите“.

Please publish modules in offcanvas position.