Турција: Ослободени се писателот Ахмет Алтан и новинарката Назли Илиџак „Не можеме да се радуваме, во затворот има многу не вини луѓе и деца“

Турскиот суд донесе ослободителна пресуда за еден од познатите турски писатели Ахмет Алтан и новинарката Назли Илиџак, кои повеќе од 3 години се наоѓаат зад решетките поради обвинение за наводно членство во терористичка организација.

- Малку се натажив коа за прв пат слушнав дека сум ослободен. Другите не се ослободени. Во затворот има илјадници невини луѓе. Ова се разбира, малку ме натажи. Има деца што се наоѓаат во затвор, не можеш да се радуваш во вакви услови. – изјави Алтан кој е ослободен по 1138 дена поминати во затвор.

Алтан во изјава за новинарите веднаш по ослободувањето рече дека не изгубил ниту една година и дека нема да дозволи да губи години.

Назли Илиџак: Ве молам не ги заборавајте останатите кои се наоѓаат во затвор.

Новинарката Назли Илиџак е меѓу неколкуте ослободени новинари. Првите зборови веднаш по ослободувањето на Илиџак беа во врска со останатите невини затвореници.

- Господ да им е на помош на овие луѓе. Не ги заборавајте нив- изјави Илиџак пред новинарите.

Илиџак, која повеќе од 3 години е невино уапсена, беше пречекана од страна на нејзиниот син и братот.

Инаку, и Алтан и Илиџак се дел од 150 те невино уапсени турски новинари. Турската влада уапси повеќе од 130 новинари и затвори десетина медиуми како дел од активностите против движењето Ѓулен.

Please publish modules in offcanvas position.