Извештај на меѓународната организација АЅТ: Продолжува насилството врз затворениците во Турција

Меѓународното здружение за човекови права со седиште во Њу Џерси, Адвокати на замолчената Турција (Advocates of Silenced Turkey - АЅТ) објави извештај во врска со тортурата врз турските граѓани во периодот по 15 јули 2016 година. Според извештајот, во периодот по обидот за воен удар во 2016 година, приведени се 511 илјади турски граѓани, а повеќе од 100 илјади се уапсени под обвинение дека се припадници на движењето Ѓулен.

ПРОДОЛЖУВА СИСТЕМАТСКАТА ТОРТУРА

- Утврдивме дека е постои систематска тортура и лош однос кон лицата кои се уапсени во периодот на вонредна состојба. Еден дел од овие случаи е документиран од домашни и меѓународни организации. Дел од нив се објавени во медиумите, додека пак за останатиот дел од случаите, јавноста дозна преку здравствените извештаи кои беа произнесени на судница. – се наведува меѓу другото во извештајот на АЅТ.

93 ЛИЦА ГИ ЗАГУБИЈА СВОИТЕ ЖИВОТИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НАСИЛСТВО ВО ЗТВОРИТЕ

- Покрај тоа, 11 лица загинаа при притвор и како резултат на сослушувања под насилство. Покрај регистрирањето на овие лица, АСТ се фокусираше на 10 случаи на тортура. Учителот Гокан Ачиколулу беше приведен под обвинение за обид за пуч и за член на движењето Ѓулен. Тој почина на 5 август 2016 година како резултат на малтретирањео во полициската станица на Истанбул, каде што беше малтретиран повеќе од 13 дена. Тој успеа да ги пренесе во извештај 13 дневните малтретирања. – тврди АЅТ во својот извештај.

ВЕШАТАЧЕЊЕ ОД СУДСКА МЕДИЦИНА ПОТВРДИ ДЕКА АЧИККОЛУ ПОЧИНА ПОД ТОРТУРА

- Ачиколлу успеал да издејствува фотографирање на трагите од насилството. Освен тоа, вештаци од судската медицина потврдија дека се работи за смрт како резултат на насилство. При лекарските контроли Ачиколлу во неколку наврати го потврдил својот страв од смрт. На лекарот му рекол дека главата му била удирана во ѕид, дека бил малтртиран со клови по главата и дека чувствува силни болки во делот на 'рбетот. Вештачењето по неговата смрт утврди дека има неколк искршеници на 'рбетот. Според сведочењата на неговите цимери од ќелијата, Ачикколу бил во многу неизмоштена состојба. Обвинителството не покрена никаква истрага во врска со смртта на Ачикколу и изјави дека нема полициски пропусти во овој случај.

РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ НА НАСИЛСТВО

- Во нашиот извештај, 4 жртви на тортура киднапирани од МИТ го опишуваат нехуманиот третман што го примале со месеци во таен и неформален центар за притвор. Лицето со иницијали А.Г. во изјвава рече дека бил малтртиран со каиш, удиран со стапови и дека имало обид да биде силуван. Според тврдењата, А.Г. повеќе од 5 месеци бил чуван во ќелија од 4.5 метри квадратни. Тој тврди дека му се оштетени цревата како резултат на секојдневното малтретирање.

ДАВЕЊЕ, МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ГОЛО ТЕЛО, НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ...

- Ајтен Озтурк е 44 годишна жена која е киднапирана од турските разузнавачки служби. Според нејзините тврдења таа била под насилство од 13 март па се до 28 август 2018 година.Според тврдењата, таа е однесена на непозната локација, каде што во првите денови била соблечена гола и држена во празна просторија. Таа била малтретирана на сите можни начини, а на моменти со пендрек била допирана по недозволени делови на телото. – се тврди во извештајот на Адвојати на замолчената Турција.

Please publish modules in offcanvas position.