Турската полиција повторно го уапси писателот Ахмет Алтан

Турската полиција повторно го уапси писателот Ахмет Алтан

Турската полиција повторно го приведе Ахмет Алтан, еден од најпознатите турски писатели на денешницата, откако пред 8 дена беша ослободен по 3 годишниот притвор.

Судот за тешки злодела на Истанбул донесе одлука за апсење на Алтан, под наводна сомнеж за бегство. Алтан претходно беше осуден на 10.6 години затворска казна за иницирање на воен удар. Турската влада го обвинува Алтан за наводно подпомагање на движењето Ѓулен, кое го окарактеризира како „терористичка организација“

Адвокатот на Алтан, Фиген Чаликушу изјави дека се противеле на повторното апсење и дека поднеле жалба на таа тема. Таа наведе дека овој однос кон Алтан е неправеден и дека е спротивен на законите.

Инаку Алтан веднаш по ослободувањето минатата недела објави колумна каде што потсети на тортурата на турската влада, неправедно уапсените невини лица и незаконието на судските одлуки.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.