Уапсениот турски писател Ахмет Алтан ја доби наградата за литература „Гешвистер Шол“: „Човек како него не може да се замолчи“

Престижната германска награда за литература Гешвистер Шол оваа година ќе му биде доделена на Ахмет Алтен, еден од најпознатите турски писатели на денешницата, кој беше повторно уапсен само една недела откако претходно беше ослободен по 3 годишен затвор.

- Човек како Ахмет Алтан не може да се замолчи толку лесно – изјави за Михаел Тен, претседателот на здружението кое ја дава наградата.

Наградата „Гешвистер Шол“ (Geschwister Scholl – Братот и сестрата Шол) се издава од страна на „Асоцијацијата на германските здруженија за печатење книги и издавачи“ во чест на Ханс и Софи Шол, брат и сестра кои биле убиени поради тоа што им се спротивставиле на нацистите.

Се замолчува секој кој бара слобода на говор

 Михаел Тен изјави дека Ахмет Алтан е прогласен за добитник на наградата поради  неговото дело „Повеќе нема да го видам светот“.

- Ахмет Алтан е мајстор на зборови и волшебник кој успева да не зароби во неговите реченици. – додаде Тен кој потенцираше дека со оваа награда се потенцира на значењето на слободата на говор.

- Се замолчува секој кој бара слобода на говор. Но, човек како Ахмет Алтан не може никогаш да се замолчи. Речениците во неговите дела се многу волшебни. – нагласи Тен потенцирајќи дека во делата на Алтан не може да се забележи говор на омраза.

Ахмет Алтан е еден од најпознатите турски писатели на денешницата кој е осуден на повеќе од 10 години поради поддршка на движењето Ѓулен, кое турската влада го обвинува за наводно организирање на пучот во 2  година.

Алтан беше ослободен на 4 ноември, а беше повторен притворен на 13 ноември, само 9 дена по ослободувањето.