Ердоган одобрува атентати!

Одделот за странци при МВР на БиХ најпрвин ја раскина дозволата за престој а потоа го приведе Фатих Кескин, директорот на училиштето Ричмонд Парк Колеџ во Бихач, које му припаѓа на движењето Ѓулен. Семејството на Кескин стравува од незаконско ектрадирање во Турција.

Турскиот новинар Џан Дундар, познат по опозицискиот став против претседателот Ердоган, објави статија во светски познатиот весник „Вашингтон Пост“ насловена како „Претседателот Ердоган даде одобрение за атентант“.

Дундар во својата статија го обвини Ердоган дека подготвува атентат против некои опозициски настроени лица, кои се наоѓаат надвор од државата.

„УБИСТВОТО НА БАГДАДИ ГО СМЕТА ИСТО КАКО И АТЕНТАТИТЕ ПРОТИВ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ“

Дундар ја потенцираше изјавата на Ердоган дека со убиството на некои терористи, одобруваат убиство на лица за кои се смета дека се закана за земјите.

На 27 октомври Трамп изјави дека е убиен лидерот на ИСИС, Ебу Бекир ел – Багдади.

Со убиството на Багдади, Ердоган си зема за право да ги ликвидира своите политички противници.

ДУНДАР: ЕРДОГАН САМИОТ ГИ ОБЕЛОДЕНИ ПЛАНОВИТЕ ЗА АТЕНТАТ

Изјавата на Ердоган, Дундар ја каракеризира како „обелоденување на атентатите“. Дундар исто така потсети дека Ердоган беше запрашан дали мисли на лидерот Мазлум Абди Кобане, на што Ердоган одговори „Кој одлучува за ваквите активности? Тие (САД) ли?“

- Генералот Абди беше поканет во Сенатот на САД и Трамп искажа крајно пофални зборови во врска со него, - нашиша Дундар, потенцирајчи дека Багдади и Абди не се луѓе на иста линија.

ГЕРМАНИЈА ГИ ПОТВРДИ ТВРДЕЊАТА НА ПРАТЕНИКОТ ГАРО ПАЈЛАН ВО ВРСКА СО ОБИДИТЕ ЗА АТЕНТАТ

Пратеникот на опозициската Партија на етничките заедници (ХДП) Гаро Пајлан во 2017 изјави дека германските разузнавачки служби поседуваат информации дека турските власти испратиле тајни екиби во Германија за да извршат атентат врз некои политички противници на Ердоган.

Германската влада ја потврди оваа информација.

УАПСЕН Е АДВОКАТОТ КОЈ РАБОТЕШЕ ЗА ГЕРМАНСКАТА

Турските власти на 18 септември го уапсија адвокатот кој ја застапува германската влада. По неговото апсење, дел од медиумите објавија дека адвокатот ги поседува досијата на дел од лицата кои побарале азил од Германија.

- По апсењата на адвокатот, турската полиција доби пристап кон информации за илјадници лица, смртни противници на Ероган, кои побараа азил од германската влада. Голем дел од нив се следбеници на Фетулах Ѓулен.

ГЕРМАНСКАТА ЗДФ ОБЈАВИ ДОКУМЕНТИ СО КОИ СЕ ДОКАЖУВА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ТУРЦИЈА

Турските разузнавачки служби, преку нелегални операции организирани во 18 земји меѓу кои Молдавија, Косово, Украина, Азербејџан, Габон, Малезија и Пакистан.

- Меѓународен конзорциум составен од 9 медиуми (медиумите на германската медиумска корпорација ЗДФ) ги истражуваа случаите на киднапирање организирани од турските разузнавачки служби. Како дел од таа истрага, медиумите успаа да стигнат до многу доверливи документи и да интервијуираат неколку жртви на насилство низ турските затвори.

СЛУЧАИ НА КИДНАПИРАЊЕ СО ЦРНИ КОМБИЊА

- Голем број турски граѓани се киднапирани од страна на турските разузнавачки служби. За ова особено говори пратеникот на ХДП Омер Фарук Гергерлиоглу. Тој потенцира дека киднапираните се носат на тајни места и дека се принудуваат да говорат со помош на насилство и малтретирање. Освен тоа, под сериозни закани се наоѓаат и нивните семејства. – напиша Дундар за Вашингтон Пост.

- Сето ова е доказ дека Ердоган е подготвен да води политикја на атентат врз политичките противници. – заклучи Дундар во својата статија за Вашингтон Пост.

Please publish modules in offcanvas position.