Русија ги обвини џихадистите за атентатот врз Карлов

Актуелниот руски амбасадор во Турција Алексеј Јерхов за атентатот врз поранешниот руски амбасадор Карлов ги обвини сириските џихадисти. Во изјава за Спутник, Јерхов додаде дека секој ден добива заканувачки пораки.

  • Погледнете ги поракире од социјалните мрежи. ‘Збогувајте се со животот’ , ‘Нема кој да ве жали’ се само дел од пораките. Вакви пораки имаше и пред 5 години. Причина за тие пораки не беше Идлив, туку Халеп. Резултат? Кукавички атентат врз Карлов. Овие денови и јас добивам директни закани. – изјави Јерхов за Спутник.

Алексеј Јерхов го изјави следното:

Турција цело време ја обвинува Русија и „Сирискиот режим“ кој „цело време ги прекршува преговорите“. Да видиме што навистина се случува:

Како прво, можеби според некои луѓе актуелната сириска влада ја изгуби својата легитимност, но за некои таа сеуште е легитимна. Не е мал бројот на тие кои вака размислуваат. Голем дел од членките на Меѓународната заедница и Обединетите Нации актуелната влада ја сметаат за легитимна.

Има и такви кои јавно ја критикуваат владата на Есад, но од друга страна прдолжуваат да соработуваат на многу теми. „Воената економија“ е многу интересна и опасна работа.

 Како второ, што содржи договорот од Сочи склучен на 17 септември 2018 година помеѓу Сирија и Рисија, за кој се тврди дека е прекршен? Според овој договор, и двете страни имаат јасно прецизирани обврски. На пример, Русија ги прифати наблидувачките точки на Турција во територијата на Идлиб и го прифати воениот статус на таа територија. Турција се обврза да го исчисти 15 – 20 км – тарската невооружена територија од терориските. Беше договорено ослободување на патот М5 и М4. И што се случи? Дали се исчистија терористите од таа територија? Дали се отворија патиштата? Доколку не ги исполнувате вашите обврски, дали може да очекувате другата страна да ги исполнува своите? Договорните страни треба да бидат согласни во исполнувањето на своите обврски, во спротивно, невозможно е да се говори за еднакво партнерство“.

„ДОГОВОРОТ НЕ СЕ ИСПОЛНИ“

„Кога се говоривме за постоењето на Турција во регионот, мислевме дека Турција ќе го контролира прекинот на војната и остварувањето на обврските. Но, договорот не беше исполнет, војната продолжува и се поставува следното прашање: Што се контролира на овие точки? Која е обврската на овие објекти? Локалните медиуми известуваат дека Турција од овие точки ја напаѓа актуелната влада. Всушност, овие точки се многу поназад од жариштетот и се поставува прашањето, што прават таму?

Во меѓу времесе изгуби трпение и сириската војска одлучи на си ја врати својата територија. Подвлекувам, својата суверена територија. Сириската војска се бори на свој терен за својот народ. Не се бори според правилата на некои брадести странци, туку се бори да ги зачува правата на своите предци.

„Се согласувам дека во последно време се случија многу трагични настани. Најпрво беа убиени руски војници, па потоа турски. Погледнете ги поракире од социјалните мрежи. ‘Збогувајте се со животот’ , ‘Нема кој да ве жали’ се само дел од пораките. Вакви пораки имаше и пред 5 години. Причина за тие пораки не беше Идлив, туку Халеп. Резултат? Кукавички атентат врз Карлов. Овие денови и јас добивам директни закани.

Please publish modules in offcanvas position.