ЕРДОГАН ПРИЗНА: Јас лично и мојата партија АКП го прогласивме движењето Ѓулен како терористичка организација и отворивме војна против нив

Турскиот претседател Ердоган при говор пред партиското собрание, во врска со движењето Ѓулен изјави: „јас лично и мојата партија ги прогласивме како терористичка организација и отворивме војна против нив“.

Зборовите на Ердоган се одговор на обвиненијата дека АКП е политичка поддршка на ФЕТО.

Сите имаат удел во растот на ФЕТО (се мисли на движењето Ѓулен) во оваа држава, но јас лично и мојата партија АКП успеавме да го прогласиме за терористичка организација и да отвориме војна против него. Добро ги познавам овие процеси и знам дека само еден лидер во оваа земја не се согласуваше со ФЕТО, а тоа е поранешниот премиер на Турција, Ербакан. – изјави Ергоган пред пратениците на неговата партија.

Ергоган ја обвини најголемата опозициска партија ЏХП за најголем поддржувач на движењето Ѓулен, тврдејќи дека во текот на неговото владеење сите граѓани имале исти права.

И јас се среќавав со нив, нема потреба да го кријам тоа. – додаде тој во својата изјава.

Според Ердоган, тајните сили на Турција го поддржуваат движењето Ѓулен.

Ние сме единствените кои во 2010 година започнавме борба против нив. – изјави Ердоган.

ЕРДОГАН ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ СЛЕДИ СУДЕЊАТА ЗА ПАРКОТ ГЕЗИ

Ердоган во својот говор потсети на вчерашните ослободителни пресуди во врска со обвинетите за протестите од Паркот Гези.

Навидум невините протести во врска со заштита на Паркот Гези прераснаа во бунт против државата и цивилното владеење. Овие протести се напад врз државноста и народот на нашата држава, како сите пучеви досега и обидите за воен удар на ФЕТО од 17 декемви 2013 и 15 јули 2016 година.

Ердоган го обвини Сорос во врска со случувањата од Паркот Гези и додаде дека нема да дозволи целосна слобода за ослободените од овие судења.

Please publish modules in offcanvas position.