ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ ЈА СОКРИЈА ЗАГУБАТА НА ЕДЕН ОФИЦЕР КОЈ БЕШЕ ЗАСТРЕЛАН ВО ЛИБИЈА И ТАЈНО ПОГРЕБАН

Турската армија го сокри убиството на поранешниот офицер Окан Алтинај, кој беше застрелан во Либија. Тој беше повторно повикан во турската армија откако претходно беше разрешен од офицерската позиција по воениот удар во 2016 година.


Смртта на Алтинај беше криена од јавноста, а тој беше погребан без никакви армиски почести. Алтинај е еден од загинатите војници на турската армија кои беа испратени да се борат во Либија против групата Халтер која го контролира поголемиот дел од оваа земја.
Новинарот на весникот Јеничаг, Батухан Чолак преку својот Твитер профил напил напиша штто навистина се случи во Либија.
- Многу вредни офицери беа испратени во Либија. Еден од нив е Окан Алтинај. Бродот со кој пловеа беше нападнат од страна на силита Хафтер. Почина при бомбашки напад. Телото му беше тајно донесено. Беше погребан без никакви воени обележја. – напиша Чолак.
БЕШЕ КРИЕНО ОД ЈАВНОСТА
Според Чолак, информацијата за смртта на Алтинај беше криена од јавноста. На ваквиот однос силна реакција изразија неговите школски другари од воената академија, каде што дипломираа во 1993 година.

КАЛИН ГО ДЕМАНТИРАША ТОА
Пред неколку дена, кога се прошири вестта за смртта на турските војници, во врска со настанот изјава даде и портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин кој ја демантираше информацијата. Сепак, официјалните информации го потврдија настанот.

- Доброволно одеше во најтешките задачи, на најдобар начин ја исполнуваше својата должност во најтешките територии. Офицерот и кога беше во Турција беше на должност во најтешките делови од земјата. Тој е еден од оние за кои Ердоган рече „неколку загинати“. Треба во најблиско време да се организира почесен погреб со присуство на највисокиот врв на државната власт. Барем да му олесниме на душата. Ниту една политика не е поважна од нашите загинати. – напиша Чолак, според кого Алтинај бил разрешен поради своите идеолошки убедувања.
ЛАВИНА ОД ЗАКАНИ
Новинарот Батухан Чолак, во еден друг Твитер статус напиша дека добива голем број закани откако ги напиша вистините за случувањата. Тој наведе дека многу пати се обиделе да му го одземат Твитер профилот.

Please publish modules in offcanvas position.