РЕЗУЛТАТ ОД ВЕШТАЧЕЊЕ: НЕ СЕ МОНТИРАНИ АУДИО СНИМКИТЕ НА КОИ ЕРДОГАН СЕ ОБИДУВА ДА ПРИКРИЕ ГОЛЕМА СУМА ПАРИ

Адвокатот на Претседателот на најголемата опозициска партијана Турција ЏХП Кемал Киличдароглу, Џелал Челик се појавипредАнкарскиот суд под обвинение за клевета на Ердоган.


Како предмет на обвинението се телефонските разговори на Ердоган со неговиот син Билал снимени на 17 декември, дента кога се случи најголемата антикорупциска акција во Турција во која беа опфатени голем број челници на партијата на Ердоган. На снимките Ердоган, во страв од полициска акција во својот дом, од неговиот син бара да се ослободи од парите кои ги чува во домот.

Во текот на одбраната, Челик побара вештачење на телефонските.

  • Велат дека снимките се монтирани. Дали снимките се вистинити? Доколку се вистинити дали јас извршив кривични дело? Барам сето тоа да се испита од страна на судски вештак.- изјави Челик пред судот. Потоа, принесе извештај со цел да докаже дека снимките се вистински.

Ердоган поднесе барање за надомест на штета против Киличдароглу, кој рече: „Вие ја растуривте целата земја“, повикувајќи се на операциите од 17-25 декември.Адвокатот на Киличдароглу, Џелал Челик, во својата изјавадека ќе докажат дека снимките не се монтирани. Потоа Челик, ги претстави и снимките кои се појавија во процесот на 17-25 Декемви и за кои Ердоган тврди дека се монтирани од страна на следбениците на Ѓулен.

ЧЕЛИК: ДАЛИ Е КРИМИНАЛ ДА ГИ БРАНИШ ПРАВАТА НА СВОЈОТ КЛИЕНТ?

Џелал Челик побара изјава од комитетот на судот во врска со обвиненијата, исто така кажа дека во изјавите нема никаква врска со обвиненијата. Челик вака се изрази:

  • Сакам да кажам дека овој случај е за потиснување на одбраната. Не разбирам од која причина обвинителот го поднесе овој случај. Од адвокатот не може да се чека да не го брани својот клиент. Ако на спротивната страна се наоѓа Ердоган добро размислете и се очекува да кажам ‘Ердоган никогаш не греши, се што ќе каже е точно. Ништо од тоа што го кажува мојот клиент не е точно. Случајот нека биде прифатен.’ Моментални се две тужби од срана на Ердоган се водат против мене. Нашиот претседател му рече на Ердоган: „Јас ќе те критикувам“. Тој има право да го критикува лидерот на владејачката партија. Ердоган кажа дека снимките се монтирани. Јас се обидов да го докажам тоа што мојот клиент го кажа“. – изјави Челик за новинарите насобрани пред судницата

ЧЕЛИК: СНИМКИТЕ НЕ СЕ МОНТИРАНИ ВИСТИНИТИ СЕ

Велејќи дека придавките не се важни пред судовите,   Челик рече: „Ердоган ме тужеше како граѓанин.Написот „Навреда на претседателот“ е против Уставот. Велат дека снимките се монтирани. Дали овие снимки се точни или не? Доколку се точни дали јас сум извршил кривично дело? Барам да се испитаат снимките од страна на судски врштак.  Барам извештај. Има 7 снимки во обвинението.  Во прилог ви го доставувам извештајот во кој имам докази дека снимките се вистинити.“

Потоа адвокатите побараа Челик да биде веднаш ослободен поради тоа што одбраната беше под притисок. По дадената пауза судската комисија одлучи рочиштето да се одложи за понатамошен датум.

Please publish modules in offcanvas position.