Турција: Затвореничка заболена од вирус била ставена во самица заедно со своето 3 годишно синче

Турција: Затвореничка заболена од вирус била ставена во самица заедно со своето 3 годишно синче

Една затвореничка во Туција била ставена во самица заедно со своето 3 годишно синче, откако претходно имала нагло покачена температура. Оваа информација до медиумите ја пренесоа семејства на други затворенички. Тие исто така пренесуваат дека затворските стражари им се заканувале со зборовите „Сите тука ќе поцркате“.

- Во моментот се во многу лоша ситуација. Една жена во кеијата на мојата ќерка се раболела одеднаш. Има мало дете. Заедно со детето ја ставиле во самица. Детето деноноќно викало да го пуштат. Поради забраната за посета, мајката никаде не може да го испрати детето. Во самица е ставена поради висока температура. Пред два дена се случи овој настан. Ќерка ми ми раскажа преку телефон. – изјавила една мајка на една од затвореничките.

ПСИХОЛОШКИ ПРИТИСОК

Веќе подолг период се шират шпекулации дека има насилство во затворот на градот Синџан, каде што престојува затвореничката. Мајката тврди дека и ќерката била под голем притисок и дека стражарите ги малтретирале психолошки, заканувајќи им се дека ќе остават на умрат.

- Стражарите не внимаваат. Цело време им се закануваат со зборовите „Сите ќе поцркате тука. Нема шанси да се спасите“. Ве молам напишете го ова. Врз затворениците се врши психолошки притисок. Ќерка ми во солзи ми раскажуваше. И ние не можеме веќе да издржиме. Се наоѓаме во многу тешка психолошка ситуација. – изјавила мајката за медиумите.

Турската јавност веќе подолг период повикува да се ослободат сите затвореници поради големата опасност од коронавирусот. Во моментот турската влада се подготвува да ги ослободи сите, освен политичките затвореници, кои таа ги нарекува „терористи“. Најголемиот број на овие затвореници се следбеници на движењето Ѓулен, меѓу кои има професори, доктори, бизнисмени и учители.