Турција: „7 месеци ме држеа со пластична ќеса на главата“

Турција: „7 месеци ме држеа со пластична ќеса на главата“

Јасин Уган човекот кој беше киднапиран од страна на турските разузнавачки служби (МИТ) и кој беше пронајден пред полициската станица после седум месеци од денот на исчезнување, беше изведен пред судот под обвинение за членство во движењето Ѓулен.

Уган пред судот го опиша насилството со кое се соочил во текот на 7 месечното киднапирање. Тој тврди дека повеќе од 6 месеци морал да живее со пластична ќеса на главата, дека бил премногу тепан и малтретиран и дека само 3 пати можел да се тушира. Уган го разреши и адвокатот кој му го додели судот.

Јасин Уган исто така побара да му биде поништена и изјавата која ја потпишал во моменти кога бил во несвест.

Изјавата на Уган пред судот ја сподели пратеникот од прокуртската партија ХДП Омер Гарук Гергерлиоглу.

- Конечно прозборе Јасин Уган! Вчера беше изведен пред судот каде што изјави дека бил киднапиран на 13 февруари минатата година, дека бил приморан повеќе од 6 месеци да живее со пластична ќеса на главата, дека бил толку тепан што целиот е во модринки. Цо текот на седумте месеци само три пати да се тушира. – напиша Гергерлиоглу на својот Твитер профил.

Јасин е еден од вкупно 6 -те лица кои турската разузнавачка служба ги киднапира и ги лиши од слобода на незаконски начин, со голема мерка на насилство и малтретирање. Досега се пронајдени скоро 5 -мина лица, а најголемиот дел од нив се најдени на исто место- пред полициската станица во главниот град Анкара.

Меѓу киднапираните е и Јусуф Билге Тунч кој сеуште не се знае каде е. Семејството на Тунч тврди дека е киднапиран во близина на својот дом. Досега е пронајден неговиот автомобил, а властите одбиваат да превземат било какви мерки за негово пронаоѓање.

Гергерлиоглу напиша дека обвинителството ќе покрене обвинение против киднаперите на Уган.