Кабинетот на Ердоган: По пучот во 2016 година затворени се вкупно 53 весници, 6 новински агенции, 20 списанија и 16 телевизиски канали

Заменик претседателот на Турција, Фуат Октај по прашање на пратеничката од редовите на опозициската про куртска партија ХДП Муазез Орхан Ишик ја објави комплетната листа на медиуми и медиумски организации кои се затворени со владина уредба по воениот удар во 2016 година.

56 ВЕСНИЦИ, 16 ТЕЛЕВИЗИСКИ И 24 РАДИО КАНАЛИ

- По воениот удар на 15 јули 2016 година затворени се вкупно 53 весници, 6 новински агенции, 20 списанија и 16 телевизиски канали за кои е утврдено дека припаѓаат на групи кои ја ставаат во опасност јавната безбедност на земјата. – се вели меѓу другото во одговорот на Октај.

ОДОГОВРИ НА САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ, А И ТОЈ ОДГОВОР НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ПРАШАЊЕТО

- На 10 јануари упатив прашања до заменик претседателот Фуат Октај во врса со состојбата на новинарите за да привлечам внимание на проблемите, прогонот, тортурата и притисокот врз новинарите во нашата земја. Поставив прашањр за новинсарите кои се често нападнувани, кои ранети додека ја вршеле својата должност, кои се уште се во затвор, кои останале брз работе и кои се напуштени да живеат без никаков приход, за веб порталите кои мораа да стават крај на своите активности поради тоа што се во тешка состојба во периодот на вонредната состојба која владееше во периодот по пучот во 2016 година. Според Уставот мораа да дадат одговор, и дадоа но по 6 месеци и нецелосно. Коментарот на оваа ситуација ќе ви го оставам на вас новинарите и јавноста. – изјави Ишик на прес конференцијата пред јавноста.