Турската национална новинска агенција Анадолу застана во одбрана на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, кој во моментот се наоѓа во Хаг поради обвинение за злосторство против човештвото.
- Повеќе од сигурно е дека во разрешувањето на Хашим Тачи големо влијание имаат „Црните сили“. Хашим Тачи, по барање на Турција ги затвори училиштата на ФЕТО во Косово и затоа стана цел на оваа организација – се наведува во текстот објавен на официјалната веб страница на Агенцијата Анадолу.
Турската национална новинска агенција Анадолу, чиј директор е Шенол Казанџи, школски другар на синот на Ердоган, објави анализа потпишана од страна на Ирфан Каја Улгер каде што се наведува дека разрешувањето на Тачи е целосно поврзано со борбата за воспоставување на силите на Балканот.
- Разрешувањето и притворот на Тачи е поврзано со многу фактори, но најголемата причина е желбата да се ограничи влијанието на Турција на Балканот- се вели во колумната објавена од страна на Анадолу.
- Повеќе од сигурно е дека во разрешувањето на Хашим Тачи големо влијание имаат „Црните сили“. Хашим Тачи, по барање на Турција ги затвори училиштата на ФЕТО во Косово и затоа стана цел на оваа организација. Па затоа, противниците на Турција го принудија Тачи да даде оставка, по што беше разрешен од функцијата претседател – се наведува во текстот објавен на официјалната веб страница на Агенцијата Анадолу. Она што најмногу привлече внимание во анализата на агенцијата Анадолу е тоа што оваа државна институција не се воздржува од изнесување на лажни вести. Имено во текстот објавен од Анадолу се вели дека се затворени училиштата на движењето Ѓулен во Косово. Но, училиштата продолжуваат со својата активност. Пред две години во Косово беа незаконски приведени 6 турски државјани, кои работеа во училиштата на движењето Ѓулен. Според извештајот на Обединетите Нации објавен овој месец „апсењето на турските граѓани беше сосема незаконско и спротивно на сите човекови права“. Обединетите нации одредија паричен надоместок кој Косово треба да им го исплати на уапсените турци, додека пак на Турција и наложија веднаш да ги ослободи.