Турски преведувач кој беше депортиран од Германија: Ме депортираа бидејќи плукнав Ѓуленист во судска сала

Турски преведувач кој беше депортиран од Германија: Ме депортираа бидејќи плукнав Ѓуленист во судска сала

Германските власти на трети декември депортираа седум членото семејство, кое повеќе од 30 години престојуваше во земјата.

- Бев преведувач во случајот на еден барател на азил кој доаѓаше од Турција. Барателот беше Ѓуленист и почна да го обвинува претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Јас му реков „зарем не се срамиш да лажеш“ и го плукнав во лице. Ова малку беше проблем – изјави Махмут Акјуз, таткото на семејството.

Германскта полиција ги приведе сопружниците Махмут и Фатма Акјуз како и нивните деца Ферди (19), Билал (18), Месут (17), Сахра (15) и Мухаммед (13).

Според тврдењата на таткото Мехмет Акјуз, кој говореше за турскиот весник Шафак, германската полиција упаднала во нивниот дом околу 02 часот наутро, по што ги однела во првата полициска станица. Откако тука ги признале своит дела, семејството Акјуз веднаш било депортирано во Турција. Таткото изјави дека децата биле многу уплашени.

ГЕРМАНСКИ ВЛАСТИ: ДЕПОРТИРАНИ СЕ ПОРАДИ ИСТЕК НА ДОЗВОЛАТА ЗА ПРЕСТОЈ

Портпаролот на региналната канцеларија Werra-Meißner Јирг Клинге, семејството Акјуз е депортирано поради истекот на дозволата за престој.

- Семејството Акјуз е детално информирано за причините за нивната депортација. На 16 ноември известени се дека треба доброволно да ја напуштат земјата и даден им е период да ги средат нивните лични работи. Сепак, семејството не го направи тоа што е побарано од нив.

Освен тоа, според голем број коментари на социјалните мрежи од лица кои тврдат дека ги поснаваат Акјуз, семејството се гони поради голем број на казнени дела, како што е измама, криумчарење и незаконско криумчарење на мигранти.