Скандал во турските затвори: Илјадници жени биле претресувани сосема голи

Скандал во турските затвори: Илјадници жени биле претресувани сосема голи

Скандал ја тресе Турција откако во јавноста се појавија сведоштва на жени кои биле претресувани сосема голи во турските затвори. На ваквиот понижувачки чин биле изложени голем број жени, мајки, наставнички, адвокати, па дури и мали девојчиња.

Скандалот го обелодени Омер Фарук Гергерлиоглу, пратеник од опозициската прокуртска партија ХДП, кој јавно на парламентарна седница проговори за голиот претрес кој го спроведува турската полиција врз жените низ затворите ширум земјата.

За многу кратко време оваа тема стана актуелна во турската јавност, а особено на социјалната мрежа Твитер. Не помина долго, пратеничката од владеачката АКП, Озлем Зенгин ја негира оваа вест, тврдејќи дека нема гол претрес во Турција.

Ваквата изјава на висок функционер на владеачкиот режим привлече големи реакции во јавноста. Голем број жени ги споделија своите искуство од затворските денови.

- Така ли? Зарем немате ниту малку срам? Бев изложена на гол претрес на мои 60 години и сега јавно го изјавувам тоа за да не се повтори на другите жени... Судскиот процес е во тек... Замолчете... – напиша Муџела Јапиџи, активистка за човекови права и директор на истанбулската комора на архитекти, која во 2013 година беше приведена од страна на полицијата на протестите за паркот Гези.

Јапиџи по овој статус даде интервју за телевизијата КРТ.

- Тогаш за прв пат во животот бев уапсена. Подоцна дознав дека сите мои пријатели биле претресувани сосема голи. Ова јавно го кажав и пред судијата. – изјави Јапиџи во ТВ интервјуто.

ТРУДНИ ЖЕНИ

Јасемин Балтаџи била приведена во јули 2018 година. Во видео кое гоо сподели на нејзиниот Твитер профил таа сведочи дека била претресувана сосема гола.

- Кога ме приведоа бев во последниот месец од бременоста. Кога влегов во затворот побарав да ми дозволат да одам во ве-це. При излез од ве-це бев понижена од страна на една полицајка која ме прекори со зборовите ‘кој ти дозволи да дојдеш ваму’. Потоа ме однесоа на претрес. Полицајката ми рече да се соблечам сосема гола. Најмногу се засремив кога ми рече дека треба да ја соблечам и внатрешната облека. Тогаш мислев дека тоа е нормално. Дури полицајката почна да ме малтретира наредувајќи ми да правам склекови. Бев многу засрамена, но не можев ништо да сторам. На породување отидов од затворот. По породувањето една недела машки полицајци стоеја во мојата соба. – раскажува Балтаџи.

- Во моментот многу ми е тешко додека го раскажувам ова. Морав да го дојам бебето пред машките полицајци. Госпоѓо Озлем, камо сето ова да не беше вистина. Ова што го кажувам е само еден дел од тоа што го доживеав.- додаде Јасемин Балтаџи.

АДВОКАТ

Адвокат Бетул Алпај Кабадаји преку видео порака го сподели своето затворско искуство кога на 2 ноември 2017 одина била приведена.

- Ме рекоа да се соблечам сосема гола. Јас се соблеков само до долната облека. Ми рекоа и тоа да го соблечам – вели Кабадаји во својата видео порака.

- Сепак, нејмногу се шокирав кога ми рекоа дека треба да се соблечам сосема гола и да правам склекови – додаде Кабадаји.

НАСТАВНИЧКА

Туба Оздемир, наставничка по турски јазик и литература, е една од жените која го сподели своето искуство во затворот кога била принудена да се соблече сосема гола.

- Ме приведоа на 16 август 2019 година во градот Џизре. Една полицајка дојде во мојата ќелија и со сила ја тргна мојата шамија од глава и тоа пред други 4 машки полицајци. Веројатно еден од полицајците имаше грижа на совест штом на полноќ ја донесе мојата шамија. Наутро ме однесоа во затворот во Ширнак. Таму бев принудена да се соблечам сосема гола – вели таа во својата видео порака.

- Тука претрпев нервна криза. Кога ги прашував ‘Зарем ни малку немате страв од Бога’ ми одговараа со зборовите ‘За ваша среќа нема шеријат во оваа земја, инаку требаше да бидете убиени до сега’. Бев принудена да ја соблечам целата облека. Три четири пати бев принудена да правам склекови. Многу незгодно се чувствувам додека го снимам ова видео, но знам дека не сме ние тие кои треба да се срамиме – додаде Оздемир.

ПАРАЛИЗИРАНО ДЕВОЈЧЕ

Еден друг сведок на гол претрес е мајката на 7 годишно девојче кое е 95% парализирано. Според мајката, девојчето било принудувано да се соблече сосема голо при секоја посета на таткото кој се наоѓа во затвор.

ЗЕКИЈЕ АТАЧ, МАЈКАТА НА АХМЕТ АТАЧ КОЈ ПОЧИНА ОД РАК ПОРАДИ ЛОШИОТ ОДНОС НА ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ

Зекије Атач е мајка на Ахмет Бурхан Атач, 7 годишно момче на кое не му беше овозможено терапија во Германија, поради што почина.

Мајкта Зекије Атач во видео порака која ја објави на својот профил вели дека и таа била принудена да се соблече сосема гола кога била однесена во затвор.

- За жал и јас сум една од илјадниците жени кои биле принудени да се соблечам сосема гола кога бев уапсена. За жал и јас бев принудена на сето тоа кое го кажуваат другите жени. Досега никогаш не се засрамив како што се засрамив тој ден. Мислам дека не сум единствената. Илајадници луѓе се принудени да се соблечат сосема голи при претрес во затвор. За жал во Турција сеуште има таква пракса – рече Зекије Атач во своето видео.