Турскиот министер за внатрешни работи призна: Пучот во 2016 не го направи движењето Ѓулен!

Турскиот минситер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој се смета за вториот човек во партијата на Ердоган, АКП, призна дека движењето Ѓулен не е организатор на пучот во 2016 година.

Со ваквиот говор се претпоставува дека Сојлу се обидува да собере предизборни поени. Секој ден се повеќе се обелоденуваат докази кои го поткрепуваат тврдењето дека некои државни структури се организатори на пучот во 2016 година.

Во тој случај, јавноста се повеќе го поставува прашањето: Кој и зошто го организира тој чуден пуч, а Сојлу веројатно е еден од најрелевантните лица за да даде одговор на ова прашање.