Писмо на 54 сенатори до Бајден: Превземете мерки против нарушените човековите права во Турција

54 американски сенатори испратија писмо до претседателот на САД Џо Бајден каде што побараа поконкретни мерки во врска со кршењето на човековите права во Турција.

Иницијативата ја покренаа Сенатор Рон Вајден од редовите на демократите и Сенатор Марко Рубио од редовите на републиканците. Писмото го потпишаа голем број на влијателни имиња од двете партии во сенатот на САД.

- Претседателот Ердоган секој ден сé повеќе станува авторитарен, ја маргинализира опозицијата, ги затвори и замолчи критичните медиуми, ги разреши независните судии и на нивно место донесе партиски војници, освен тоа Турција е земја со најмногу уапсени новинари, после Кина. – се наведува меѓу другото во писмото на 54-те американски сенатори.

Сенаторите го потсетија Бајден дека владата на Ердоган купи безбедносен систем од Русија и дека не може да се прифати нападот на Турција врз курдите во Сирија. Тие исто така потенцираа дека Ердоган врши голем притисок врз другите држави за да ги замолчи своите неистомисленици.

Во писмото се споменува и НБА ѕвездата Енес Кантер кој отворено говори за тортурата на Ердоган врз неистомислениците.

Сенаторите го повикаа Бајден да превземе чекори против турската влада и да побара од Ердоган ослободување на политичките затвореници.