Земјотрес во северозападна Турција, најмалку 35 повредени

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според европската сеизмичка скала, ја погоди северозападна Турција, во близина на градот Адaпазари кој има популација од 286.000 жители.

Потресот бил на длабочина од 8 километри и регистриран во 4:08 часот по локално време на околу 170 километри источно од најголемиот град Истанбул.

Турските власти пријавиле дека земјотресот е со јачина од 5,9 степени.

„Имаме околу 35 повредени, од кои еден е во критична состојба“, рече турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

Властите наведоа дека личноста која е пренесена во болница и која е во критична состојба повредите ги здобила со скокање од балкон.