Tурски Полицаец почина на 33

Tурски Полицаец почина на 33

Кадир Ејџе е 33 годишен полициски службеник кој бил уапсен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

Минатата недела беше пуштен на слобода поради здравствени проблеми.

Според слики споделени на Твитер од страна на најблиските, на Ејџе му било оневозможено да прима храна и вода. Во рок од три месеци ослабнал 45 килограми.

Адвокатот на Ејџе за турските медиуми изјави дека тој тежел 90 килограми кога влегол во затвор. Сликите споделени на социјалните мрежи, исто така, го открија степенот на лошо постапување против затворениот полицаец, будејќи сериозни сомнежи за состојбата на илјадниците затворени низ целата земја.

Овие две фотокрафии ја покажуваат состојбата на Ејџе пред и по затворот. На фотографијата од левата страна Ејџе се сликал неколку дена пред да биде притворен а на фотографијата од десната страна е сликан само неколку часа по ослободувањето.

Според извештајот, полицаецот починал во Сиваската болница. Со денови му било забранувано да прима болничка терапија, иако чувствувал огромни болки. Единствено му дозволувале терапија во неговата ќелија. Кога конечно бил однесен во болница, тогаш веќе било предоцна. „Неговото тело беше непрепознатливо“ рече Емел Ејџе, сопругата на полицискиот официр.

На 15. јули Турција помина низ еден неуспешен обид за државен удар. Таа вечер животот го загубија 240 лица а уште илјадници други се повредени.

Владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган по итна постапка го обвинија движењето Ѓулен за организирање на воениот удар.

Во меѓувреме, движењето остро негира било каква поврзаност со неуспешниот вон удар кој владата го искористи да направи буквална „чистка“ на симпатизерите на ова движење од државните институции, отпуштајќи ги и прогонувајќи ги највлијателните личности на движењето.

Ова не е единствеиот слуај на убиство во Турските затвори. Многу обвинети за поврзаност со движењето Ѓулен се матлетирани и тепани до смрт.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.