Ердоган повторно го презема кормилото на владејачката партија

Ердоган повторно го презема кормилото на владејачката партија

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) одржува Вонреден конгрес во Анкара, на кој актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган треба повторно да биде избран за партиски лидер и да го преземе раководењето со партијата.

Ердоган поднесе оставка на местото лидер на АКП по изборот за претседател на Турција, бидејќи Уставот тогаш не доволуваше шефот на државата да извршува и партиски функции, но со уставните измени таквото ограничување е укинато.

- Ќе продолжиме да работиме заедно и ден и ноќ, изјави Ердоган при пристигнувањето во салата „Арена“ во Анкара, каде се одржува Конгресот на АКП, обраќајќи се кон десетиците илјади негови подддржувачи.

- Без запирање. Сега ќе продолжиме кон изборите во 2019 година, додаде Ердоган.

Се очекува на Конгрес, покрај новиот партиски лидер, да бидат усвоени и насоките за работа на АКП до следните избори во 2019 година. Предвидено е да се изврши и измена во Статутот на партијата со што ќе се воведе функцијата заменик-претседател, на кој ќе биде избран досгешниот партисли лидер и актуелен премиер Бинали Јилдирим.