Го замолчуваат мајорот кој го пријавил воениот удар

Го замолчуваат мајорот кој го пријавил воениот удар

Мајорот од турската армија со иницијали О.К. најпрвин е прогласен за народен херој, бидејќи неколку часа претходно известил за можниот воен удар, па потоа е разрешен поради наводно членство во „терористичка организација“, потоа пак е вратен во војската, за на крајот да биде „унапреден“ и испратен во Националната разознавачка служба.

Вечерта на 15. јули се случи еден неуспешен воен удар. Таа црна вечер беа убиени околу 250 лица и уште илјадници ранети. Додека турската влада со сите сили се обидува вината за ударот да му ја префрли на движењето Ѓулен, голем број аналитичари сметаат дека токму владата е организаторот на неуспешниот пуч, со што се зголеми рејтингот на владеачката партија. Простор за сомнеж оставаат и бројните настани по 15. јули.

Во редицата сомнителни настани е и тоа што никогаш не е земена официјална изјава од мајорот кој неколку часа пред да се случи воениот удар, отишол во Националната разознавачка служба и пријавил дека тајно се организира воен удар.

Очигледно е дека турската влада, овој мајор сака да го сокрие од лицето на правдата. Тој најпрвин е прогласен за народен херој, потоа е разрешен од својата функција, за повторно да биде вратен и унапреден во разознавачката служба. Единствена цел е да се сокрие О.К. од лицето на правдата и да се оневозможи негово говорење.

Слично направија и со Хакан Фидан, шефот на Националната разознавачка служба и со Хулуси Акар, Генералниот командат на турската војска. Јавниот обвинител, Алпаслан Карабај, кој е еден од обвинителите кој го води случајот на воениот удар, побарал од МИТ дозвола за да му земе изјава на О.К. но, сеуште нема одговор од таму. Бидејќи уште не му е дозволено да зборува, сеуште останаа неодговорени прашањата од типот, како бил пријавен воениот удар и зошто не се преземени мерки за негово стопирање?

ЗОШТО ДОЦНЕЛ МИТ?

Според извештајот на Гнереалштабот на воената армија на Турција, мајорот ја известил разознавачката служба во попладневните часови.

Но, шефот на МИТ дури во 16: 16 му се јавил на Вториот генерал на турската армија Јашар Ѓулер и го ивестил за ударот.

Исто така, околу 17:30 часот еден челник на МИТ дошол кај Јашар Гулер и лично го известил. Дури во 18:30 Генералот на Турската армија издава наредба за спуштање на сите авиони.

Наредбата на Акар, од Центраата за акции до централата за акции на воздухопловните единици е испратена дури во 19:05. Значи дека има задоцнување од најмалку 35 минути.

ГО ИСПРАТИЈА ВО МИТ САМО ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ЗЕМЕ ИЗЈАВАТА

Според неколку закони на владата издадени во вонредната состојба по 15. јули, О.К. е обвинуван за членство во движењето Ѓулен, па потоа со еден друг закон е вратен на службата, за на крајот да биде испратен во разознавачката служба.

Според законите на Турција, ниту еден член на МИТ не смее да биде испрашуван без дозвола на МИТ. Со тоа, О.К. е првиот кој е обвинет за поврзаност со движењето Ѓулен а не е ниту суден, ниту приведуван ниту пак апсен.