Со сигурност се утврди дека Турската разознавачка служба (МИТ) знаела за неуспешниот воен удар на 15. јули многу порано пред да се случи истиот

Со сигурност се утврди дека Турската разознавачка служба (МИТ) знаела за неуспешниот воен удар на 15. јули многу порано пред да се случи истиот

Во јавноста се појави долго криената изјава на мајорот О.К. кој на 15. јули, во 14:30 часот отишол во Турската разознавачка служба (МИТ) и пријавил дека ќе се случи воен удар.

О. К. изјавата ја дал на 11. Август, а во неа вели дека 7 часа претходно дознал дека ќе се случи воениут удар. Исто така, тој потенцира дека околу 14:20 отишол во седиштето на МИТ и ги предупредил за можноста од воен удар: „На две лица од МИТ им реков дека еден хеликоптер ќе го земе Хакан Фидан а не знам што ќе прават со вториот хеликоптер. Ме прашаа што ќе се случи. Им реков дека ќе се случи големо нешто, па дури дека има голема можност за воен удар“. Интересно е тоа што изјавата на О. К. не се смета како изјава на сведок, туку на лице кое има информации. Оваа изјава се чуваше во строга тајност.

ЗОШТО 250 ВОЈНИЦИ И ЦИВИЛИ ГИ ЗАГУБИЈА СВОИТЕ ЖИВОТИ

О. К. најпрвин бил разрешен од својата должност со еден владин декрет кој следел веднаш по воениот удар, потоа бил вратен на својата должност, а како за „награда“ бил унапреден во службеник на МИТ. Ова е обид на турскта влада да го спречи неговото прозборување, бидејќи само службениците на МИТ не можат да бидат испрашувани од страна на јавен обвинител без претходна дозвола на МИТ. Се знае дека изјавите кои досега ги дал О. К. секогаш биле запишувани како изјави на Х. Т. (на турски: ‘hayalet tanik`) што значи „измислен сведок“.

Јавниот обвинител Алпаслан Карабај неколку пати побарал дозвола од МИТ да земе изјава од О. К. но од таму сеуште нема одговор.

Кога го имаме сето ова во предвид, се поставува прашањето „Зошто е дозволен воениот удар каде што беа убиени над 250 лица, кога турската влада за ова била благовремено озвестена?