Трудница е напуштена на смрт во турските затвори!

Трудница е напуштена на смрт во турските затвори!

Шенај олгун, заедно со своето бебе е напуштена на смрт во затворот на Зонгулдак

Шенај Олгун е уапсена на 25. Февруари во турскиот град Зонгулдак по наредба на турскиот јавен обвинител Онур Узгул. Таа е приведена поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен. Заедно со неа, во иста ќелија е сместена и жена болна од туберкулоза. Ова за Олгун преставува голем ризик.

Поради лошата исхрана на затворот, Шенај Олгун ја губи својата килажа и покрај бременоста, кога обично килажата на трудницата се зголемува.

Обвинителот Узгул не ги прифати приговорите и лекарските извештаи во врска со Олгун и нареди да се продолжи нејзиниот притвор. Обвинителот е информиран и за тоа дека Шенај Олгун порано има доживеано спонтан абортус.

Претрпела крварење но не била однесена во амбуланта

Информациите за својата состојба Олгун ги дава преку своите роднини при нивните посети. Таа тврди дека имала крварење но не била префрлена до амбулантата за да изврши преглед. Немилосрдниот обвинител тврди дека нема никаква пречка да остане Олгун во притвор и наредил да не ѝ биде дозволено да оди на редовните прегледи на 10 месечната трудница.

Според лекарските извештаи Олгун, која имала спонтан абортус и била болна од болки на ‘рбетот, мора редовно да се храни и многу да пешачи. Но, затворот не овозможува спортски активности и не дозволува да се внесе квалитетна храна.