Бремена судијка пресудила апсење на бремена наставничка

Бремена судијка пресудила апсење на бремена наставничка

Општо е познато дека апсење и малтретирање на трудниците го нема во ниту еден закон на модерното и верското право.

Но, очигледно тоа не важи и за турската влада која секој ден апси и малтретира бремени жени, со што ја докажува својата суровост. Во извештаите се среќаваат бројни случки на нарушување на основното право на живот на трудниците и новороденчињата. Како дел од тоа е и приказната на една бремена наставничка која доживела нешто што никого не остави рамнодушен.

БРЕМЕНАТА СУДИЈКА: НАРЕДБАТА Е ОД ГОРЕ

Жртвата е наставничка која е разрешена поради наводна и измислена поврзаност со терористичка организација. При разрешувањето ниту ѝ била покажана некоја причина ниту пак добила право на одбрана. На крајот од сето ова, таа била приведена без да ѝ се даде некое прифатливо објаснување. Во овој тежок период, таа била во петтиот месец од бременоста.

Она што е параноично и помалку натажувачки е тоа што одлуката за нејзино апсење ја донела судијка која и самата е во седмиот месец на бременоста. Е тука завршуваат сите зборови. Одлуката за апсење да ја издаде оној кој треба најмногу да ја разбере...

Според тврдењата, судијката во безизлез ги кажала следниве зборови: Морам да те уапсам, наредбата е од горе. Закана до лекарите кои требале да потпишат извештај: И вие ќе бидете уапсени.

Сериозноста на состојбата на детето и бремената жена се дозна откако таа беше префрлена во болница. Според тврдењата, некои лица дошле кај докторите и им се заканиле дека ќе бидат и тие уапсени доколку потпишат извештај со кој се ослободува бремената наставничка. Додека се случувало сето ова, мајката била итно земена на породување откако се дознало дека детето не се движело долг период.

ПОРАДИ БРЕМЕНОСТ БИЛА ОСЛОБОДЕНА ЖЕНА КОЈА УБИЛА ЧОВЕК

Додека се одвивале овие настани, од затворот била ослободена шест месечна трудница која лежела поради убиство на човек. Во врска со ова, наставничката рекла „Немаме вредност ниту колку таа жена“.