Уапсен турски генерал: Генералштабот и разознавачката служба имаа информации за неуспешниот воен удар

Уапсен турски генерал: Генералштабот и разознавачката служба имаа информации за неуспешниот воен удар

Во Турција започна судењето на уапсените генерали обвинети за организирање на неуспешниот воен удар кој се случи на 15. јули минатата година.

Меѓу испитаниците се најде и генералот Ерхан Џаха, поранешниот претседател на Силите за развој при копнените сили на турската армија. Во својата изјава Џаха, меѓу другото рече:

„Очајниот и крволочниот обид за државен удар се случи по план и контрола, а воедно и информација на Началникот на Генералштабот, командантот на силите и потсекретарот на Разознавачката служба на Турција (МИТ) “

„Ова е цивилен пуч со изглед на воен удар“

Како дел од својата одбрана Џаха ги одби сите обвиненија и го прочита писмото кое му го испрати на Хулуси Акар, Началникот на Генералштабот на турската армија. Во своето писмо, Џаха потенцира дека при овој воен удар има многу нејасни и збунувачки точки и додава: Мислам дека ова е цивилен пуч кој наликува на воен удар.

„Во славната историја на Турските вооружени сили ќе бидете внесени како командант кој не може да спречи неправда врз своите војници“ се зборовите кои Џаха ги упати кон Началникот на Генералштабот Хулуси Акар.

Во својата одбрана Џаха вели: Не само што не учествував во одлучувањето, планирањето, групирањето во различни куќи или воени единици кои правеа состаноци на таа тема, јас исто така не сум некој кој се движи според плановите кои се правеле ден претходно. Моето име, на еден измислен и планиран начин се поврзува со оваа група на луѓе.

„Многу е битна изјавата на командантот на специјалната единица“

Во својот говор во судницата Џаха потенцира дека не може да разбере зошто воениот персонал не е предупреден да не ја напушта единицата: „Многу е битна изјавата на Зекаи Аксакалли, командантот на специјалните единици. Тој вели ‘Во кризни моменти на персоналот му се дава наредба да не ја напушта единицата. Кога би му била дадена ваквата наредба на персоналот, пучот би бил откриен’ Зарем не можат ова да го знаат луѓето кои цел живот ја работат оваа професија? Доколку персоналот би бил информиран веднаш откако се дознало за овие случчувања, ништо не би се случило. Исто така, ниту јас ниту пак илјдници воени лица не би го доживеале овој срам.“