Уапсени се 81 годишен татко-инвалид и неговиот син, но во одделни ќелии

Уапсени се 81 годишен татко-инвалид и неговиот син, но во одделни ќелии

60 годипшен човек од Турција е приведен заедно со неговиот 81 годишен болен татко кој живее приврзан за инвалидска количка.

Синот тврди дека не им дозволуваат дури ни да се видат во внатрешни услови.

„Не знам зошто, но пред три месеца не одделија. Кога прашав зошто, единствено што ми рекоа е дека наредбата е од висок функционер. Иако законот ми дозволува, сепак тука не ми дозволуваат ниту средба со татко ми во внатрешни услови“ вели 60 годишниот син.

Тој испрати писмо до турскиот весник „Јени Асја“.

Во подолжение ви го преставуваме писмото во целост:

„Таткото кој е вооружан земјоделец-теорист и неговиот син“

Подолг период го следам вашиот весник и текстовите кои ги објавувате. Кога видов дека од време на време објавувате писма од затворите, одлучив и јас да ви пишам.

Јас сум од селото ....Она што е интересно во мојот случај е тоа што во затвор влегов заедно со мојот татко....Јас имам 60 години. Сега веројатно се прашувате каков криминал извршиле таткото и синот за што се во затвор. Како што можете и да претпоставите, ние сме членови на „вооружена терористичка организација“ која нема оружје. Татко ми живее приврзан за инвалидската количка и ниту една своја потреба не може да изврши сам, па дури ни качување по скали, ниту пак одење во веце. Првите два месеца бевме во иста ќелија. Не знам зошто, но пред три месеца не одделија. Кога прашав зошто, единствено што ми рекоа е дека наредбата е од висок функционер. Иако законот ми дозволува, сепак тука не ми дозволуваат ниту средба со татко ми во внатрешни услови. Се прашувам, каква совест има тој што ми забранува да се видам со мојот 81 годишен татко, кој е приврзан за инвалидската количка? Се мачам да разберам колку тежок криминал сме извршиле јас и татко ми, за вака да се однесуваат со нас?

ЧЛЕНОВИ НА АКП ЈА БАЦУВАА РАКАТА НА ТАТКО МИ И БАРАА ДА СЕ МОЛИ ЗА НИВ

Татко ми во својата околина е познат како добротворен човек. Еден од сегашните пратеници еден ден дојде кај нас на ифтар заедно со уште неколку други. Еден друг поранешен пратеник често доаѓаше кај татко ми, заедно јадеа, пијеа чај и од татко ми бараше да се моли за него, па дури и еднаш го прими во собранието како почесен гостин. Бидејќи знаеа дека татко ми е човек со голем углед во средината, нивните посети во предизборните периоди беа се почести. Освен тоа, многу пратеници на АКП лично го познаваат татко ми. Не сакам за мене ништо, но сите тие негови „пријатели“ можат да сторат нешто за мојот 81 годишен татко во лоша состојба, за тој да биде условно ослободен со докторски извештај“.