Уште едно апсење пред породилната сала

Уште едно апсење пред породилната сала

Наставничката по верска култура Елиф Асланер е породена на 31 мај во Бурса, Турција.

Поради потерница по неа, група полицајци дошле со намера да ја уапсат. Поради ризичното пораѓање, докторите не дозволиле таа да биде однесена.

Сепак, само два дена потоа, во петокот наутро таа е приведена и однесена во полициската станица. Еве како нејзиниот сопруг го опишува сето ова.

ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕТРЕСЕ МОЈОТ ДОМ БЕЗ НАШЕ ПРИСУСТВО

Сопругата се породи во среда на 31 мај во 09:17 часот. Поради многуте проблеми при првото пораѓање, овој пат таа вршеше честа контрола во предпородилниот период. Во првото породување имаше предвремени големи грчеви и беше два дена во кома на ургентно. Господ даде да оздраве. Поради ваквите ризици, при ова породување се вршеа повеќе контроли. Поради опасност од превремено раѓање, докторот реши да ја задржи во болница за да го спречи предвременото раѓање. Тој рече дека ако се случи нешто неочекувано, ќе се направи итно дејство. Но пред неколку месеци, како што а многу други невини, така и кај нас дошла полицијата и направила претрес, без наше присуство.

СОПРУГАТА НЕ САКАШЕ ДА СЕ ПРЕДАДЕ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ

Кога сфативме што се случува, имајќи ги предвид здравствените проблеми, сопругата реши да не се шредаде. Поради тоа не можевме ниту во болница да престојуваме бидејќи е барана личност. На докторот му кажавме дека сопругата нема да лежи во болница. Тогаш тој нѝ даде инекција за подобар развој не белите дробови и респираторниот систем. Но, бидејќи продолжија проблемите, решивме да се роди детето. Фала Богу немаше никакби компликации при породувањето и немаше потреба од инкубатор. Но, додека од една страна му се радувавме на новороденчето, од друга страна се плашевме да не дојде полицијата. Токму тоа и се случи. Полицијата дојде во 19 часот. Тогаш радоста се претопи во тага. Се обидов да ја утешам сопругата бидејќи сеуште постоеше ризик од зголемување на притисокот.

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ СЕ ЈАВИ НА ТЕЛЕФОНОТ

Ги прашав полицајците што се случува. Ми рекоа дека се сомничи за очество во движењето Ѓулен. Јас им реков дека сметаме дека сметаме дека таа е невина. Им објаснив дека имала компликации, но дека приморано била предвремено породена. Им ги покажав извештаите и ги замолив да ѝ ја земет изјавата тока под контрола. Ми рекоа дека ќе му се јават на обвинителот. Му се јавија но тој не го крена телефонот. Рекоа дека ќе чекаат до наутро. Утредента дојде докторот и рече дека нема да ја пушти без да поминат 48 часа бидејќи е во ризична состојба.