Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го распушти парламентот на земјата и најави предвремени избори за 2 април.
Фон дер Лајен во Киев: ЕУ планира нов пакет санкции против Москва до годишнината од руската инвазија
Европската Унија планира нов пакет санкции против Москва, кои ќе бидат усвоени до годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Во 2019 година, во Хрватска се регистрирани 311 смртни случаи од рак на 100.000 жители, 25 отсто повеќе од просекот во ЕУ. Полошо е само во соседна Унгарија, јави Хина.
Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, која се наоѓа на Молитвениот појадок во Вашингтон, вели дека уште многу треба да се направи за борбата против корупцијата, граѓаните треба да видат видливи резултати и краен резултат од борбата против...
Почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на годинава се очекува да стартуваат и градежни активности.
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни управници кои имаат лиценци ќе преполагаат, но не и оние што имаат над 64 години. Тие, како што нагласи, немаат право да полагаат.
Компании, најверојатно од сите сектори, кои за време на енергетската криза оствариле дополнителни профити од просекот во последните 3-4 години, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Во рамки на проектот „Поттикнуваме промени да ја заштитиме природата“ и со цел подигнување на свеста за заштита на животната средина и поттикнување навики кај децата за соодветно складирање и рециклирање на отпадот, денес во основните училишта „Св. Климент Охридски"