Кирацоски: Обезбедена е двотретинска поддршка за уставните измени

Кирацоски: Обезбедена е двотретинска поддршка за уставните измени

Обезбедена е поддршката на минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени, изјави денеска на прес-конгеренција генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски.

-Со иницирање на уставните измени РМ станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза обезбедени пратеници не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава, рече Кирацоски.

Во врска со денешниот протест тој рече дека тоа е демократско право на секој   граѓанин, но вели е повеќе од уверен дека сето тоа е во спрега со антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и некои можеби внатрешни и надворешни сили кои очајно сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ во НАТО и ЕУ.

Тој посочи дека Предлог законот за антикорупциска комисија влегува во собраниска процедура со европско знаменце. Toa, рече, е методологијата за да се бајпасираат нелогичните барања од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на ЕК и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Разликата е во два концепта. Тие се за корупција, а ние сме против корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна борба, а ние сме за суштинска борба против. Околу тоа нема компромиси буквално со никого. Ги следиме препораките на ЕУ која даде многу позитивно мислење за предлог законот, затоа ве известувам дека законот ќе оди со европско знаменце. Македонија ќе добие силно независно регулаторно тело кое суштински, а не декларативно, ќе застане и ќе се спротивстави на корупцијата во нашата држава, рече Кирацовски.

Нема краен рок за донесување на Законот за антикорупциска, но очекува тој да биде донесен наскоро, за да може новата антикорупциска комисија да биде избрана пред претседателските избори.

По уставните измени Предлог законот ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за европски прашања и во рок од три дена согласно деловникот се очекува да помине на ова комисија, а потоа и да се најде на пленарна седница. 

e-max.it: your social media marketing partner

Please publish modules in offcanvas position.