Бошњаковски: За отстранувањето на оградата нема да се трошат пари од граѓаните

Бошњаковски: За отстранувањето на оградата нема да се трошат пари од граѓаните

За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните.

За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните. Бетонските столбови во моментот нема да се отстрануваат бидејќи, како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу, а Владата нема намера да троши дополнителни пари за да ги исправи грешките на минатата власт.

– Владата го исполнува ветеното. Го промовираме концептот на отворена влада. Зградата на Владата и просторот околу неа се во владение на граѓаните на Република Македонија, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција на која заедно со неговиот колега Муамет Хоџа информираат за одлуките донесени на вчерашната владина седница. 

e-max.it: your social media marketing partner

Please publish modules in offcanvas position.