ССНМ: Лошите практики во македонското новинарство и натаму продолжуваат

ССНМ: Лошите практики во македонското новинарство и натаму продолжуваат

 Разгледувајќи ги сите аспекти во врска со прекинувањето на работниот ангажман на Ивор Мицковски во телевизија „Телма“, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници заклучи дека не е и не може да биде задоволен со начинот на кој е спроведен овој чин.

-Нетранспарентната и несоодветна постапка на прекинот на работниот ангажман на нашиот член покажува дека лошите практики во македонското новинарство и натаму продолжуваат, наспроти прокламираните заложби за реформирање на медиумскиот сектор, се наведува во реакцијата на ССНМ.

Според синдикатот вака извршениот чин наведува на сомневање на постоење надворешни и политички притисоци и остава простор за влевање страв кај вработените во медиумите и тренирање на послушност.

-ССНМ остро протестира против ваквиот третман на новинарите и медиумските работници и уште еднаш укажува дека продолжувањето на ваквата пракса може да има несогледливи последици во вкупниот медиумски амбиент, се додава во реакцијата. 

Please publish modules in offcanvas position.