Царовска: Ги унапредуваме социјалните права

Царовска: Ги унапредуваме социјалните права

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска  во Берово на средба со вработените во Центарот за социјална работа, пензионери и со граѓани ги објасни придобивките од пакет законите за социјална и за детска заштита за најранливите категории граѓани и за лицата со попреченост.

– Институциите треба да станат сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита кои се на гласање во Собранието. Со законите за социјална и за детска заштита ги унапредуваме правата на лицата со попреченост. Го зголемуваме опфатот на деца кои ќе користат детски и образовен додаток за 20 пати и социјално ги обезбедуваме старите лица кои немаат никакви приходи, рекла министерката Царовска, соопшти МТСП.

На средбата се разговарало за  подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите на денешната работна посета на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на Берово.

Царовска  при посетата на Берово имала средба и со градоначалникот Звонко Пекевски и ги посетила и Дневниот центар за лица со посебни потреби, малиот групен дом и  Домот за стари лица „Иван Влашки“.

Please publish modules in offcanvas position.