Пендаровски: Политичкиот противкандидат продуцираше рекламен спот против мене што е на невидено ниско ниво

Пендаровски: Политичкиот противкандидат продуцираше рекламен спот против мене што е на невидено ниско ниво

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски го оцени досегашниот тек на предизборна кампања во рамки на очекуваното и предвидуваното ниво на коректност, со одредени исклучоци, пред сè во користењето пораки што ги смета за некоректни и навредливи.

– Деновиве се емитува еден рекламен спот, што мојот главен противкандидат од опозициската партија го продуцираше. Значи, материјалот е сертифициран и одобрен од нејзиниот штаб, а не од некој поддржувач на социјалните мрежи. Тоа оди на многу ниско лично ниво, оди на дисквалификации и навреди, што според нивотото на примитивност не е забележано во поновата македонска политичка историја. Зборувам за официјални видеа на некој од кандидатите, но сметам дека комуникацијата со граѓаните во останатиот дел, до сега е на разумно или пристојно ниво. Така очекувам да остане и во наредните денови кога имаме уште две дебати на две национални телевизии, рече Пендаровски.

Во комуникацијата со граѓаните и со гласачите, според Пендаровски, забележливо е дека има позитивен пристап и импресиите се дека се води една од покоректните предизборни кампањи. 

Please publish modules in offcanvas position.