Дански истражувачи со обемна студија: Вакцината против сипаници не предизвикува аутизам

Дански истражувачи со обемна студија: Вакцината против сипаници не предизвикува аутизам

Дански истражувачи докажале дека вакцината против осип не го зголемува ризикот од аутизам кај децата, ниту го предизвикува, а големата студија e направена на 650 000 деца.

 

Истражувачите користеле попис на наслението за да проценат дали од вакцината се зголемува ризикот од аутизам кај децата родени во Данска помеѓу 1999 и 2010 година, се наведува во магазинот “Anals of internal medisin”.

Истражувачите ја следеле здравствената состојба на 657.461 деца и ги документирале дијагнозите од аутистичен спектар, како и познати фактори на ризик, како што се старост на родителите, аутизам на браќа и сестри, предвремено пораѓање и помала тежина при раѓањето. Повеќе од 95 отсто од децата се вакцинирани против сипаници, а кај 6 517 е дијагностициран аутизам.

Се покажало дека вакцината МРП не го зголемува ризикот од аутизам кај децата без ризични фактори, ниту предизвикала аутизам кај деца со различни фактори.

Бидејќи противниците на вакцината, меѓу кои се и политичари и јавни личности, шират страв кај родителите, истражувачите настојувале да направат што е можно поголема студија.

Проблемот со вакцинацијата настанал по објавување на студијата на Ендрју Вакифилд, објавена во 1998 година во медицинското списание „Лансет“. Вакифилд го финансирала адвокатска фирма, бидејќи планирала да ги тужи производителите на вакцината.

Година подоцна „Лансет“ ја повлекол студијата бидејќи истрагата покажала дека Вакифилд ги променил или погрешно прикажал податоците за дванаесет деца кои биле основа за заклучок на неговата студија.

Бројни студии подоцна, кои се обиделе да ги повторат неговите резултати, не пронашле врска помеѓу вакцините и аутизмот.


ИЗВОР: faktor.mk

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.