Подобро два хамбургера наместо еден со помфрит

 Калориите што се внесуваат со брзата храна не е нималку добра работа, но нутриционистката Емили Филд советува наместо да ги броиме калориите, да се обрне повеќе внимание на самиот состав на храната што ја јадеме.

Таа навведува дека е важно оброците да бидат урамнотежени и дека храната не треба да се дели на добра и лоша.

– Протеините се гориво за вашите мускули и подолго ќе ве држи сити, додека јаглените хидрати ви даваат енергија, а мастите помагаат во апсорпцијата на витамини и минерали. Избалансиранниот внос на овие три компоненти во храната ќе го намали прејадувањето и ќе имате поголема контрола над чувството на глад, објасни Филд.

Така, според неа, подобро е да се изедат два хамбургера наместо еден хамбургер со помфрит. Имено, компирчињата како замена за „другиот хамбургер“, го удвојува вносот на протеини, а ги намалува мастите и јаглените хидрати.

Таа додаде дека брзата храна и онака е богата масти и јаглени хидрати, а има помалку протеини, па ова ќе помогне во одржувањето на потребното ниво на шеќер во крвта. 

Please publish modules in offcanvas position.