Денешните деца помалку играат надвор во однос на нивните родители

Денешните деца помалку играат надвор во однос на нивните родители

Едно истражување спроведено во Велика Британија покажа дека денешните деца поминуваат половина помалку време играјќи си на отворено во однос на нивните родители.

Британската Национална фондација спроведе истражување на над илјада семејства со деца на возраст од четири до 14 години, а резултатите не се изненадувачки. Осумдесет осто од родителите веруваат дека е важно децата да научат да ја користат модерната технологија, а 96 отсто од нив сметаат дека е важно и да поминуваат повеќе време на отворено.

Истражувањето покажа дека сепак и покрај желбата на родителите децата во денешно време играат четири часа дневно во однос на 8.2 часа, колку што играле на отворено нивните родители.

- За некои стапот е само стап. Ние сакаме да ги поттикнеме младите луѓе да сфатат дека можностите се бескрајни. Стапот може да биде меч, молив, вештерка, метла, змеј. Така би требало да изгледа детството - на отворено, исполнето со авантура и фантазија, изјави ѕвездата на „Игра на престолите“ Ралеи Ричи, кој се најде и во британската кампања за враќање на децата кон „вистинското детство“.

Класичните игри како криенка и плочка се заменети со онлајнд и други игри, а повеќечасовното седење во детството се поврзува со дебелеењето и многу болести во подоцнежните години.