Што кога вашето дете не ја изговара правилно буквата “Р“ ?

Што кога вашето дете не ја изговара правилно буквата “Р“ ?

Често, децата имаат проблеми со изговарање на буквата “Р“. Неправилната артикулација е пореметување во говорот која се изговараат поединечни гласови како Р, Л, Ж, З, Ѕ.. Детето може да изговара глас за таа буква, но не со задоволувачки квалитет.

Логопедите порачуваат дека до петтата година детето треба да ги изговара правилно сите гласови од буквите, а доколу има проблеми, најверојатно му е потребна мала професионална помош. Исто така, тие порачуваат родителите да прават вежби со своите деца и да им ги изговараат зборовите точно, како на пример : “Млеко“, а не “Меко“, како што практикуваат многу родители бидејќи тоа им звучи “слатко“. А и да им кажуваат песнички со зборови како трактор, трска, трева, труба, катран итн.

Една од вежбите којашто би можело да се практикува е да им се каже на дечињата со јазикот да ги туркаат горните заби, од внатрешната страна и да се обидуваат да го изговорат гласот „Р“.