Црвена, жолта или зелена – која пиперка е поздрава?

Црвена, жолта или зелена – која пиперка е поздрава?

Постојат многу варијанти на пиперки, но најдобри се овие три: црвена, жолта, зелена. Секоја пиперка е пожелна храна, полна со витамини и треба да се јаде без премногу размислување, бидејќи е исклучително здрав зеленчук.

Освен по формата и бојата, пиперките се разликуваат и по нивната хранлива вредност. Тие се во основа ист зеленчук, но се разликуваат во времето на зреење.

Имено, зелените пиперки се берат многу млади и затоа имаат малку горчлив вкус.

По нив следат жолтите пиперки, додека црвените треба да созреат околу уште еден месец и затоа содржат многу секундарни растителни масла и најмногу витамин Ц од сите пиперки.

Затоа, црвените пиперки се најздравата сорта на пиперки.