Досега од земјава си заминале 128 Авганистанци кои имаа привремен престој

Досега од земјава си заминале 128 Авганистанци кои имаа привремен престој

Точно 505 граѓани на Авганистан моментално се сместени во земјава, откако беа евакуирани од Кабул.

Тие во хотели во предградието на Скопје чекаат дозвола за да заминат во друга држава откако ја напуштија татковината по повторното враќање на Талибанците на власт. Досега од Македонија си заминаа 128 Авганистанци. Тие животниот пат го продолжија во САД, Франција, Ирска, Португалија, па дури и Бразил и Грција. Во овие држави ќе добијат дозвола за траен престој.

„Мислам дека деновиве треба две семејства, седум од нив треба да заминат за Шведска и уште тројца за Австралија. А, другите граѓани на Авганистан кои се тука сместени се во процес на добивање, односно процесуирање на нивната документација за Канада. Со оглед на тоа што канадската влада објави план за преземање на 40.000 Авганистанци во Канада, дел од оваа група којашто е тука во Северна Македонија е во рамките на тие 40.000.“

Најголемиот дел од Авганистанците се лица кои работеле во хуманитарни, демократски и миротворни меѓународни мисии, како организации за човекови права, но има и преведувачи, новинари и студенти, дојдени заедно со нивните семејства. Престојот кај нас им го плаќаат меѓународни организации сè додека добијат дозвола за да се преселат во нова татковина.

 

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.